Достапни линкови

Пелагониските земјоделци незадоволни од цената на житото


Жетварите не се целосно задоволни од цената што деновиве беше договорена со мелничарите и министерот за земјоделство Љупчо Димовски. Најниската откупна цена за килограм жито годинава ќе биде 14 денари.

Бевме приморани да прифатиме најниската откупна цена за килограм жито годинава да биде 14 денари, зашто мленичарите нудеа цени пониски за пет денари, велат пелагониските земјоделци. Жетварите не се целосно задоволни од цената што деновиве беше договорена со мелничарите и министерот за земјоделство Љупчо Димовски. Но, се надеваат дека исплатата ќе се враши според квалитетот на родот, па ќе упсеат да достигнат цена и до 16 денари за килограм.
Горе долу мора да бидеме задоволни зашто во некои мелници цената беше утрврдена на 8 и 9 денари, а скопските мелничари бараа пченицата од Пелагонија да се носи во Скопје за 12 денари. Кога ќе се одбие трошокот за превозот тоа е 11 денари.
Велјо Тантаров, претседател на Сојуз на земјоделци.

Велјо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци вели:

„Горе долу мора да бидеме задоволни зашто во некои мелници цената беше утрврдена на 8 и 9 денари, а скопските мелничари бараа пченицата од Пелагонија да се носи во Скопје за 12 денари. Кога ќе се одбие трошокот за превозот тоа е 11 денари. Од тие причини бевме приморани да ја прифатиме оваа цена. Тврдиме дека со неа нема простор да се зголеми цената на лебот во нашата држава зашто таа е на ниво на минатата година.“

Инаку земјоделците бараа најниска цена да не биде под 15 денари за килограм зашто пораснале трошоците на производство.

Валентина Анѓелкова, земјоделец од село Новаци вели:

„Пченицата требаше да биде барем 15 денари зошто имаме голема штета од поплавите и на тој начин ќе можевме да ги компензираме загубите. Имаше лема, корав, не можевме пченицата да ја третираме како
Пченицата требаше да биде барем 15 денари зошто имаме голема штета од поплавите и на тој начин ќе можевме да ги компензираме загубите.
Валентина Анѓелкова, земјоделец од село Новаци.
што треба и имаше штети.“

Земјоделците бараат и редовна исплата на откупеното жито зашто претходно имале и лоши искуства.

„Искуствата се доста лоши. Некаде се чека и по повеќе од една година да се исплати житото. Во Пелагонија имаме и лошо искуство со појава на накупци. Нудат висока цена, половината ја плаќаат, а за другата половина не можеме да ги најдеме каде се избегани“, додава Тантаров.

За мелничарите договорената цена е висока, тие очекуваа да не биде повисока од 12 денари за килограм.

„Постои диспаритет меѓу производствената и паразната цена на пченицата. Разликата не мора да биде на грбот на мелничарите. Производствената цена не зависи од мелничката индустрија туку од многу фактори. Ако Македонија произведува по 7 до 8 тона како што е во опкружувањето, тогаш нема да биде цената пресуден фактор туку количината“, изјави Николче Ѓоргиев, од Стопанската комора на мелничко-пекарската индустрија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG