Битка за Доњецк, цивилите во опасност

Обединетите нации предупредија дека се влошува хуманитарната ситуација во источна Украина. На итната седница на Советот за безбедност, некои членки повторија дека главна вина за тоа сноси Москва која им помага на проруските сепаратисти и рапоредува сили на границата со Украина.

Директорот за хуманитарни операции на Обединетите нации, Џон Гинг, на седницата на Советот за безбедност изјави дека борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти ги доведуваат во опасност цивилите, посебно во градските подрачја.

Околу три милиони и 900 илјади луѓе живеат во реоните директно погодени со насилство. Борбите предивикаа големи штети во инфраструктурата и снабдувањето.
Џон Гинг, директор за хуманитарни операции на ОН.

„Околу три милиони и 900 илјади луѓе живеат во реоните директно погодени со насилство. Борбите предивикаа големи штети во инфраструктурата и снабдувањето“, изјави Гинг, додавајќи дека тие се соочуваат со немање струја и вода за пиење и оти во досегашните борби загинале скоро илјада и 400 цивили и борци.

Претходно, Обединетите нации соопштија дека над 285 илјади луѓе ги напуштиле нивните домови. Руски официјални претставници изјавија дека од почетокот на кризата досега неколку стотици илјади луѓе пребегале во Русија.

Украинските граѓани продолжуваат масовно да ја напуштаат земјата. Скоро 800 илјади Украинци ја минале границата и останаа во Русија од почетокот на кризата.
Виталиј Чуркин, руски амбасадор во ОН.

„Украинските граѓани продолжуваат масовно да ја напуштаат земјата. Скоро 800 илјади Украинци ја минале границата и останаа во Русија од почетокот на кризата“, изјави рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин, оценувајќи дека ситуацијата во градовите Доњецк и Луганск е катастрофална и оти Москва сака да испрати хуманитарен конвој за да им помогне на цивилите.

Од друга страна, претставниците на Соединетите Држави и на Британија ја обвинија Русија за таквата ситуација поради тоа што финансиски и материјално им помага на сепаратистите во тој регион.

Заменик американскиот амбасадор во Светската организација, Розмари Ди Карло, изјави дека најдобар начин за да се подобри хуманитарната ситуација е Русија да престане да испраќа борци, оружје и пари во источна Украина.

Подготовките за ослободување на градовите Луганск и Доњецк се во тек. Нема да ви кажам кога ќе почне офанзивата. Ќе објавиме кога тие ќе бидат ослободени.
Петро Порошенко, претседател на Украина. .

Иако оцени дека ситуацијата во Луганск и Доњецк е сериозна, украинскиот заменик амбасадор во Обединетите нации, Олександар Павличенко, ги отфрли наводите дека имало хуманитарна криза.

Според него, Киев бил способен да се справи со ситуацијата. Во меѓувреме има извештаи дека во текот на изминатата ноќ имало борби во градот Доњецк.

Украинските сили, според извешатите, го опколиле градот во кој е главната команда на бунтовниците на самопрогласената Народна Република Доњецк.

„Подготовките за ослободување на градовите Луганск и Доњецк се во тек. Нема да ви кажам кога ќе почне офанзивата. Ќе објавиме кога тие ќе бидат ослободени“, изјави вчера во Киев украинскиот претседател Петро Порошенко.

Сепартистите контролираат само 10 насто од територијата, откако во изминативе шест недели во борбите со украинските сили загубија големи делови кои претходно ги имаа во нивни раце.

Официјален Вашингтон ја обвини Москва дека распоредува војници на границата со Украина.

„Дополнителен број руски војници продолжуваат да стигнуваат по должина на границата со Украина. Русија и натаму ги репозиционира силите во регионот. Немаме јасни податоци за нивниот број“, рече портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки.

Според портпаролот на Пентагон Џон Кирби, станува збор за околу 20 илјади руски војници.

„Тие се добро обучени и релативно блиску до границата“, рече тој.

И покрај борбите стотина експерти од Малезија, Холандија и Австралија ја продолжуваат потрагата по остатоци на жртвите од малезискиот патнички авион кој на 17 јули беше соборен во близина на Доњецк при што загинаа 298 патници и членови на екипажот.

Западот и украинските власти за трагедијата ги обвинија сепаратистите во источна Украина, но тие тоа го негираа.