Mирни протести против „Монструм"

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Мирно завршија протестите за случајот "Монструм"

Организаторите на протестите за случајот „Монструм“, имаат нови барања до властите, но не успеаја да ги прочитаат барањата пред Влада, оти полицијата ги пресретна на Бит Пазар.

Во доста помал број за разлика од претходните протести денеска демонстрантите тргнаа од Јаја пашината џамија и стигнаа до Мавровка, некаде околу 14 часот, но како и минатиот пат токму тука беа спречени да стигнат до зградата на владата.

Дозволено ни е да протрестираме, маршрутата ни е од Чаирчанка до Владата. Сега имаме пречки од полицијата, значи ова е провокација број еден од нивна страна. Се крши правото на протест, загарантиреано со Устав.
Бедри Хајдари, брат на еден од осудените во случајот „Монструм“.

Полицијата, која исто така беше во помал број од минатите протести, ги спречи во намерата, иако како што велат организаторите, уредно го пријавиле протестот во полиција. Неколу пати тие влегуваа во директен вербален конфликт со полицајците во кордонот барајќи од нив објаснувањето зошто и кој им наредил да не ги пуштат пред зградата на владата.

Запирањето од полицијата тие го оценија како провокација и крешење на Уставот.

„Дозволено ни е да протрестираме, маршрутата ни е од Чаирчанка до Владата. Сега имаме пречки од полицијата, значи ова е провокација број еден од нивна страна. Се крши правото на протест, загарантиреано со Устав. Имаме и некои дополнителни ставови кои ќе ги прочитавме пред Влада, сакавме и тие да слушнат, за тоа што ние сакаме и за што се трудиме“, рече Бедри Хајдари, брат на еден од осудените во случајот „Монструм“.

Инаку на протестот пред две недели тие излегоа со неколку конкретни барања меѓу кои и прогласување на осудените за невини и нивно обештетување, разрешување на обвинителката Гордана Гешковска и на судијата Ивица Стефановски и нивно кривично гонење поради злоупотреба на службената должност и оставка на министерката Гордана Јанкулоска поради злоупотреба на службената должност.

Денешниот протест помина со веќе познатите извици против Али Ахмети, Гордана Јанкуловска и за поддршка на УЧК. Неколкумината кои останаа по получасовното собирање упорно бараа од полицајците одговор зошто се спречени да стигнат до зградата на Владата е и еден демонстран фрли камен кон полицискиот кордон.

Неделава пак скопскиот кривичен суд одлучи шест од обвинетите за насилните протести на 4 јули да добијат затворска казни по 3 години. На тие протести беа повредени дваесетина полицајци и беше направена поголема материјална штета.

По донесувањето на судската пресуда за случајот „Монструм“, демонстрантите три петока по ред по молитвата во Јаја пашината џамија протестираа против изречените доживотни казни. Првиот протест беше и најжесток, а следните поминаа во помирна атмосфера. Денешните протести следуваа по еднонеделна пауза поради верскиот празник Рамазан Бајрам.