Нимиц ги изложува идеите пред државниот врв

Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски и преговарачот Васко Наумовски.

Медијаторот Нимиц се среќава со државниот врв. Тој вчера кратко изјави дека не носи нов предлог, но дека има идеи во главата кои ќе ги изложи.

Откако вчера кратко изјави дека не носи нов предлог, но дека има идеи во главата кои ќе ги изложи, медијаторот Метју Нимиц ги започна официјалните средби со претставниците на државниот врв. Претпладнево тој се сретна со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а напладне се среќава со премиерот Никола Груевски.

Нимиц во земјава доаѓа по долгонајавуваната посета во регионот, која првично беше најавена за јуни и за првата половина од месецов.

Во неговата агенда предвидена е и средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Нимиц во земјава доаѓа по долгонајавуваната посета во регионот, која првично беше најавена за јуни и за првата половина од месецов. Медијаторот доаѓа по посетата на американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд која порача дека спорот за името треба што побрзо да се реши, но и по неодамнешната изјава на германската канцеларка Анѓела Меркел дека со сигурност ќе дојде момент кога таа лично ќе се заложи за решавање на спорот.

Иако не очекува дека посетата на Нимиц може да донесе сериозно раздвижување во преговарачкиот процес, особено поради тоа што земјава има внатрешни проблеми кои треба да ги реши, сепак професорот Димитар Мирчев вели дека Нимиц би требало да ја искористи зголемената заинтересираност на Германија за спорот за името и да понуди решенија кои како што вели би биле добра основа за натамошно разрешување на проблемот.

Конечниот предлог за спорот за името на државата многу зависи од тие идентитетски прашања. Доколку германската и американската страна и другите вистина помогнат за тоа, ќе му се олесни многу на Нимиц.
Димитар Мирчев, политички аналитичар.

„Конечниот предлог за спорот за името на државата многу зависи од тие идентитетски прашања. Доколку германската и американската страна и другите вистина помогнат за тоа, ќе му се олесни многу на Нимиц.“

Премиерот Никола Груевски неодамна повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во какви било иницијативи и идеи во кои ќе се оспори или доведе во прашање македонскиот идентитет, јазик или нација.

Пред посетата пак Нимиц изјави дека овојпат очекува голем напредок во средбите со државниот врв вио Скопје и во Атина.Тогаш истакна дека очекува и добра соработка со новоименуваниот преговарач за името, амбасадорот Васко Наумовски. Според соопштението на Обединетите Нации пак, целата на средбите е да се интензивираат разговорите, насочени кон изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за спорот.

Министерот Попоски пак минатата недела оцени дека без конкретен ангажман од поголемите земји членки на ЕУ и НАТО, не може да се очекува какво било поместување во спорот за името.Но како најголем ограничувачки фактор за напредок во разговорите го посочи непостоењето на политичка мотивираност од страна на Атина.

При последната посета на Нимиц во Скопје во септември минатата година, тој откри дека во Атина имале забелешки околу местоположбата на географската одредница и обемот на употреба на договореното име, а дека владата во Скопје останала на долгорочните стратегиски позиции.