Нимиц е оптимист за напредок, Меркел навести ангажираност, а владите во Македонија и во Грција остануваат воздржани. Во ваква атмосфера денеска во Скопје пристигнува посредникот во спорот за разликите за името Метју Нимиц околу чија посета засега една работа е најизвесна, дека ќе го запознае новиот македонски претставник во разговорите, Васко Наумовски.
За постигнување на договор за спорот за името и во Македонија и во Грција ќе биде потребна најширока можна согласност, што значи согласност на клучните политички партии.Сашо Клековски, политички аналитичар.
Но, сепак, и покрај тоа што не се знае дали тој ќе донесе нов предлог, ниту дали ќе има некакво помрднување по изјавата на германската канцеларка, појасни станаа некои надворешно-политички релации, односно ангажираноста на Берлин. Во меѓувреме додека некои работи на меѓународна сцена се расчистуваат, доста непознати остануваат внатрешно-политичките односи меѓу опозицијата и власта.
Имено, посредникот во спорот доаѓа во непријатна домашна атмосфера во која опозицијата е надвор од парламентот, а лидерскиот дијалог е закочен.
Мислам дека последните случувања навестуваат дека под итно треба да се реши проблемот оти сите овие политички и социјални проблеми што се појавуваат кај нас се резултат на елиминирање на евроатлантската агенда од страна на актуелната власт.Мерсел Биљали, универзитетски професор.
Според аналитичарот Сашо Клековски, внатрешно-политичките случувања и во Македонија и во Грција имаат влијание врз разговорите за спорот.
„За постигнување на договор за спорот за името и во Македонија и во Грција ќе биде потребна најширока можна согласност, што значи согласност на клучните политички партии“, вели Клековски.
Најголемата македонска опозициска партија, пак, во континуитет веќе неколку години се жали дека не знае што се случува со проблемот поради кој се блокирани македонските евроатлански интеграции, бидејќи државно владиниот врз не ги информира. Според Клековски, претседателот Ѓорге Иванов е одговорен да обезбеди услови за најширока можна поддршка во договарањето со Грција.
„Власта и опозицијата секако се во еден внатрешно-политички ривалитет, бидејќи тие меѓу себе се натпреваруваат на избори. Во таква ситуација кога е нормално ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се натпреваруваат, мислам дека Претседателот на државата е тој што треба да го обезбеди политичкиот дијалог за спорот за името“, вели Клековски.
Професор Мерсел Биљали, пак, смета дека власта решавањето на проблемот за името го оставала во рацете на меѓународната заедница и оти тргнувала од тоа дека ако тие се согласеле проблемот со опозицијата би бил многу помал. Според него, домашните несогласувања може позитивно да влијаат врз решавањето на спорот затоа што ја анимирале меѓународната заедница.
„Мислам дека последните случувања навестуваат дека под итно треба да се реши проблемот оти сите овие политички и социјални проблеми што се појавуваат кај нас се резултат на елиминирање на евроатлантската агенда од страна на актуелната власт“, вели Биљали.
Инаку при посетата во септември Нимиц откри нешто повеќе околу случувањата во разговорите. Тој рече дека во Атина имале два проблема во врска неговиот предлог, односно местоположбата на географската одредница и обемот на употреба на договореното име, а дека владата во Скопје останала на долгорочните стратегиски позиции. Меркел, пак, која и лично лани се сретна со посредникот, а сега рече и дека размислувала за сите комбинации нагласи и оти компромис било кога сите вклучени се еднакво незадоволни.