Десет години траат обидите на тетовскиот Сојуз на борци да ги убеди локалните власти да се вратат бистите на народните херои Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Стојчевски, кои беа отстранети по реконструкцијата на плоштадот во 2005 година. По обновата на градскиот центар тие не се поставени, па бистите се чуваат во просториите на Сојузот. Тројца градоначалници се сменија од тогаш, а сите, иако ветуваа дека ќе бидат поставени овие споменици, ништо не исполнија, вели Јоцко Димитриевски, член на Сојузот на борци.
Често пати добиваме одговор - бистите ќе се постават на местото каде што и биле. Потоа искрсна проблем и одговор – не можат таму да се стават бистите, не им е таму место и слично.Јоцко Димитриевски, член на Сојузот на борци од Тетово.
„На неколку пати сме имаме разговори со највисоките органи на општината. Често пати добиваме одговор - бистите ќе се постават на местото каде што и биле. Потоа искрсна проблем и одговор – не можат таму да се стават бистите, не им е таму место и слично. Ќе ги ставиме пред Културен дом, кај споменикот пред Културен дом“, вели Димитриевски.
Во овие десет години побарана е помош и од државните и меѓународни институции, но безуспешно, вели вели секретарот на тетовскиот Сојуз на борци Момир Јањиќ.
Тој дел како да сака да се избрише, да не се признава. Не се признава земјата каде газиме сега ние. Тие не заслужиле затоа што го положиле она што е најсвето, животите нивни.Милица Ивановска, историчарка.
„Имаме седум-осум преписки со општината преку Народниот правобранител и во ОБСЕ бев. Добив од Министерство за култура писмо едно, откако претходно баравме бистите да бидат поставени кај Споменикот на револуција и Жена борец, тоа да биде Комплекс обележје од Втората светска војна во Тетово. Тие ни дадоа согласност, ама под услов, велат, тоа е надлежност на општината. Сега што да правиме понатаму и самите не знаеме“, вели Јањиќ.
Историчарката Милица Ивановска предупредува дека со тоа што не се поставуваат бистите се маргинализира значајноста на борците од Народно ослободителната војна. Тие најмногу успеале да придонесат за државотворноста на Македонија, вели Ивановска.
„Тој дел како да сака да се избрише, да не се признава. Не се признава земјата каде газиме сега ние. Тие не заслужиле затоа што го положиле она што е најсвето, животите нивни“, истакнува историчарката.
Двајцата народни херои се загинати во битката за селото Беличица во 1944 година. За народни херои се прогласени во 1951 година, а нивните бисти биле поставени на градскиот плоштад во Тетово во 1970 година.