Привидот на просечната плата

Месецот не се поминува со просечна плата, освен за сметки, не останува многу за друго. Не ќе јадеме само пиперки, понекогаш имаш желба и плескавица да каснеш, вели анкетиран граѓанин.

Тешко е да се помине месецот со една просечна плата, се жалат повеќето граѓани. Во период кога постојано растат цените на основните производи, не стигнува ниту просечната плата, а камо ли онаа што е под утврдениот просек, велат дел од анкетираните.

Порано дали платата вредеше повеќе, не знам како беше, но многу повеќе се купуваше, а сега е од денеска за утре, да се помине денот.
Анкетиран граѓанин.

„Сите трошоци пораснаа, само платата остана иста.“

„Порано дали платата вредеше повеќе, не знам како беше, но многу повеќе се купуваше, а сега е од денеска за утре, да се помине денот.“

„Не ќе јадеме само пиперки, понекогаш имаш желба и плескавица да каснеш.“

Земаме двесте, даваме четиристотини, шеговито, но во исто време реално ми одговара една жена на прашањето дали и стигнува месечната плата. Друга пак, која има многу помала плата од просечната, вели дека платата и е потрошена уште пред да ја земе.

Има дискрапанца меѓу малкуте луѓе кои се многу богати и многуте луѓе кои се многу сиромашни. Просекот ќе испадне добар, но во случајов тој јаз меѓу богатите и сиромашните сè повеќе и повеќе се зголемува, а тоа не го покажува таа просечна плата.
Биљал Касами, универзитетски професор.

„За сметки само, за ништо друго не останува. Кога ќе платиш сметки, ни за пола месец нема, денес ќе ја земеш, утре ја нема.“

„Јас денеска ќе земам и веднаш немам.“

Иако просечната плата во Македонија изнесува околу 21.000 денари, последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека околу 17, 7 отсто од вработените лани имале нето плата од 12 до 16.000 денари.

Ако едните јадат месо, а другите зелка, просекот јаде сарма, но просекот не го кажува фактот дека едните јадат само зелка, сликовито ја доловува македонската реалност, професор Биљал Касами. Тој објаснува дека просечната плата не го покажува нивото на животен стандард во една земја.

„Има дискрапанца меѓу малкуте луѓе кои се многу богати и многуте луѓе кои се многу сиромашни. Просекот ќе испадне добар, но во случајов тој јаз меѓу богатите и сиромашните сè повеќе и повеќе се зголемува, а тоа не го покажува таа просечна плата“, вели Касами.

Намерно или не, во земјава е очигледна злоупотребата на просекот, вели Касами. Иако се укажува дека Македонија има добри просечни плати кои ги задоволуваат основните потреби на едно семејство, факт е дека најголемиот дел од населението го добива и живее под тој просек, вели професорот Касами и додава дека постојат мерки кои може да ја подобрат оваа слика.

„Да се почне со домаќинско трошење на јавните финансии и да се помогне на бизнисот, на приватниот сектор, да се помогне економијата да заживее“, вели Касами.

Податоците на Државниот завод покажуваат дека само 9, 6 проценти од вработените примаат нето плата од 25.000 денари, 3,9 насто имале плата од 30. 000 денари, а минимални 2 проценти од вработените лани примиле плата од 30.000 до 40.000 денари. Само 1, 4 насто од вработените граѓани добиле плата од 40.000 денари.