Заменикот на британската баронеса Кетрин Ештон која беше прв шеф на дипломатијата на Европската унија, се избира со консензус, како впрочем и другите високи позиции во Европската комисија.
Трговијата за да се постигне тоа се водеше за 41-годишната шефица на италијанската дипломатија Федерика Могерини и за бугарската еврокомесарка, 60-годишната Кристалина Георгиева.
Главно, несогласувањата беа околу попустливиот став на Италија во врска со Русија. Впрочем, прва посета на Могерини откако Италија го презеде претседавањето со Унијата беше да го посети Владимир Путин во Москва.
За разлика од Могерини за која во Брисел сметаат дека е почетник во дипломатијата, Георгиева која беше и потпретседател на Светската банка, се смета за една од поискусните и поспособни комесари на Европската унија.
Се верува дека со тоа левичарската влада во Рим успеа да го забави процесот на санкционирање на Русија околу ситуацијата во Украина и да ја остави жива намерата за изградба на гасоводот Јужен тек.
Токму затоа против изборот на Могерини беа Балтичките земји и Полска.
Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски долго време важеше за единствен наследник на Кетрин Ештон, но тој ја загуби кандидатурата по обелоденувањето аудио снимки во кои тој лошо зборува за Соединетите Држави и Велика Британија.
Новите членки на Европската унија од Централна и Источна Европа инсистираат барем едно од главните три функции во Унијата: шеф на дипломатија, претседател на Европската комисија и претседател на Европскиот совет да биде од Истокот.
Некои веруваат дека Могерини не може да го добие местото, бидејќи Италија веќе има една водечка позиција: италијанецот Марио Драги е претседател на Европската централна банка.
Со тоа растеа шансите на Кристалина Георгиева, блиска на десниот центар во Европската унија и голем поддржувач на Жан Клод Јункер кој е избран за нов претседател на Европската комисија, да дојде на позицијата шеф на европската дипломатија.
За разлика од Могерини за која во Брисел сметаат дека е почетник во дипломатијата, Георгиева, која беше и потпретседател на Светската банка, се смета за една од поискусните и поспособни комесари на Европската унија.
Интересно е да се каже дека Кристалина Георгиева не беше првиот бугарски избор за еврокомесар. Дојде на таа функција откако шефицата на бугарската дипломатија, Румијана Јелева, не мина во Европскиот парламент поради финансиски малверзации.
За неа се смета дека повеќе е неутрален технократ отколку политичка ѕверка.
Како и да е новиот кандидат за шеф на европската дипломатија на есен ќе треба да мине во европарламентот пред да го преземе петгодишниот мандат во ноември годинава.