Сега се е во рацете на Апелациониот суд, велат експертите за можната правна разврска на случајот Монструм. Судот, пак, до кој најверојатно ќе бидат поднесени жалби, поради одлуката на првостепениот суд има три понатамошни можности.
Сите надворешни фактори, вклучувајќи и експерти, организации, институции можат само како набљудувачи да го следат, меѓутоа апсолутно ние не сметат да се мешат.Осман Кадриу, универзитетски професор.
Професорот Осман Кадриу кој во својата кариера бил и судија објаснува дека Апелација сега може да ја потврди одлуката на првостепениот суд со што таа ќе стане правосилна, да ги усвои жалбите или барем една на осудените и да го врати процесот на повторно судење, или пак сам да организира судење односно претрес на кој повторно би биле повикани обвинетите лица. Следејќи ја ситуација исклучиво преку јавноста тој не сака да прогнозира како ќе одлучи второстепениот суд.
„Сите овие можни одлуки за кој е овластен Апелациониот суд се во опција да се донесат, а каква ќе биде дефинитивната одлука, дали ќе биде првата, втората или третата, сепак е прашање за кое треба да одовори Апелациониот суд“, вели Кадриу.
Сето тоа е можно со дозвола на судијата кој претседава со советот и претседателот на Судот во кој се одвива целиот процес, можат да дадат согласност за целиот процес да се снима, односно да се одвива јавно.Слаѓана Тасева, универзитетски професор.
Во меѓувреме додека се чека одлуката, лидерот на ДУИ Али Ахмети побара мониторирање од меѓународни и домашни експерти на судскиот процес и целосен пристап за јавноста да била информирана потранспарентно. Кадриу вели дека во одлуката на судот никој не може да се меша, а камо ли како што вели, меѓународните фактори.
„Сите надворешни фактори, вклучувајќи и експерти, организации, институции можат само како набљудувачи да го следат, меѓутоа апсолутно ние не сметат да се мешат, а далеку од тоа се да извршат увид во доказите, во списите, во материјалите, во предметите“, оценува Кадриу.
Професорката по кривично право Слаѓана Тасева вели дека е во ред од политичар да бара мониторинг на судски процес, но дека тој се бара во текот на претресот. Инаку досега процесот беше набљудуван и од мисијата на ОБСЕ, која заедно со Канцеларијата на ЕУ и на Американската амбасада повика на воздржување од насилство при протестите кои следеа по судската одлука. Во однос на барањето за јавност и споредбата со седниците на Хашкиот трибунал кои се пренесуваат на телевизија што ја направи пратеникот од ДУИ Артан Груби Тасева вели дека тоа нашиот правен систем не го исклучува.
„Сето тоа е можно со дозвола на судијата кој претседава со советот и претседателот на Судот во кој се одвива целиот процес, можат да дадат согласност за целиот процес да се снима, односно да се одвива јавно“, вели Тасева.
Покрај сугестиите на Ахмети и лидерот на ДПА Мендух Тачи го оцени за некредибилно судењето и побара целиот процес да се врати од почеток, а јавноста да има целосен пристап до деталите.