Охриѓани на летување во Грција и во Турција

Во туристичките агенции во градот велат дека охриѓани покажуваат најголем интерес за летување во Грција и во Турција, но и на подалечни дестинации.

Грција и Турција се најпосакувани дестинации за охриѓани ова лето. Од туристичките агенции во градот велат дека интерес има и дека охриѓани не само што сакаат да пречекуваат гости, туку сакаат и да патуваат на други дестинации. Туристичкиот работник Елида Битрак вели дека најмногу букирани аранжмани за ова лето имаат за грчките острови. Интересот за Грција се должи на евтиното апартманско сместување, вели Битрак.

Најголем е интересот за апартманско сместување со превоз од Охрид до одредената дестинација. Претежно летуваат во апартмани, но има одреден број на клиенти кои се заинтересирани за хотелско сместување.
Елида Битрак, туристички работник.

„Најголем е интересот за апартманско сместување со превоз од Охрид до одредената дестинација. Претежно летуваат во апартмани, но има одреден број на клиенти кои се заинтересирани за хотелско сместување. Исто така не ни требаат визи, второто близината на Охрид со одредената дестинација во Грција како што се краците, а интересни се и островите. Центите се исто така евтини, а имаме и многу понуди со одредени попусти од 10-20 отсто, вели Битрак.

Охрид.

Битрак вели дека има и граѓани кои ќе летуваат во Турција со авионски превоз, односно во Анталија и Аланија.

Најинтересна дестинација за охриѓани моментално е Турција, претежно Анталија бидејки од 22 јули ќе стартува чартер авионот од Охрид до Анталија.
Гордана Протуѓеровска, туристички работник.

Гордана Протуѓеровска од туристичката агенција Мега турс рече дека Турција е топ дестинација пред сè поради директниот авионски лет од Охрид до Анталија.

„Најинтересна дестинација за охриѓани моментално е Турција, претежно Анталија бидејки од 22 јули ќе стартува чартер авионот од Охрид до Анталија. Цените се примамливи и се движат од 400 евра па нагоре во зависност од хотелот. Тоа ќе биде олеснително за патниците бидејќи ќе може да патуваат од Охрид. И Грција е исто, но Турција мислам дека е најпосакувана дестинација“, вели Протуѓеровска.

Таа посочува дека интерес има и за подалечните дестинации, но многу помалку од соседните туристички центри.

„Од другите најпосакувани дестинации е Дубаи.“

РСЕ: Не ли се сè уште високи цените за охриѓани за така далечни дестинации како Малдиви или Дубаи?

„Не, бидејќи има интерес и за такви дестинации, односно за подалечните и поскапи дестинации“, вели Протуѓеровска.