Жените во Иран може слободно да сакаат спорт, сè додека тоа го прават во своите безбедни домови. Спортските обожавателки оваа недела добија остро потсетување на ова, кога група девојки се обиделе да ги бодрат машката фудбалска и одбојкарска репрезентација.
Нема причина жените да одат на место каде што се собираат илјадници мажи. Тоа создава основа за непочитување и силување во општеството.Фатема Али, пратеничка.
Обидот на жените во Иран да присуствуваат на натпреварите од Светската лига во одбојка што се одржа овој месец во Техеран, за началникот на полицијата „не било во интерес на јавноста“, додека пратеничката Фатеме Алиа изјави дека присуството на жени на спортски настани е извор „на непочитување и силување во општеството“.
На ова може да се додаде и фактот дека жените и светското фудбалско првенство не се баш најдобра комбинација, барем не во јавноста. Власта се потруди да нема јавно прикажување на натпреварите, затоа што тоа може да резултира со мешање меѓу мажи и жени, па изврши притисок врз сопствениците на кафулињата и рестораните да не дозволуваат гледање фудбал во нивните локали.
Ставот заземен на верските учители и врховниот лидер е непроменет и како спроведувачи на законот, ние не можеме да им дозволиме на жените да влезат во салите.Есмаил Ахмади Могадам, шеф на иранската полиција.
Но, владината силна рака резултираше со спротивен ефект, бидејќи жените јавно се спротивставија на владините забрани, па ги гледаа натпреварите во малите кафулиња и излегоа на улица да ги прослават настапите на Иран на Светското фудбалско првенство.
И додека иранските мажи и жените од странство како публика уживаа во одбојкарскиот натпревар меѓу Иран и Италија во Техеран, безбедносните сили надвор од салата жестоко се справуваа со мала група на Иранки. Тие протестираа против долгогодишната забрана да присуствуваат на спортските натпревари. Дел од нив беа физички и вербално повредувани од полицијата, а некои беа и притворени. Сепак, со протестот, тие успеаја да го привлечат вниманието на јавноста за родовата нееднаквост и дискриминацијата врз жените во Иран.
Исламската Република повторно ги прекрши своите заложни за правата на жените“, напиша таа неодамна на својата Фејсбук страница.Џила Банијагуб, новинарка.
Забраната за жените да присуствуваат на спортски натпревари е донесена по Исламската револуција во 1979 година. Оттогаш се направени неколку исклучоци, како на пример за време на квалификацискиот натпревар за Светското фудбалско првенство во 2006 против Катар, и воопшто на натпревари во одбојка и кошарка.
Конзервативците тврдат дека е недолично жените да присуствуваат на вакви настани, бидејќи машкиот дел од публиката употребува непристоен јазик, а играчите носат шорцеви. Дел од оние кои се противат на забраната, како поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад, кој во 2006 година писмено побара од Иранската организација за физичка култура да им дозволи на жените да присуствуваат на стадионите, тврди дека тоа ќе ја подобри атмосферата на спортските настани и ќе ги натера мажите да станат попристојни. Сепак, се чини дека Иран не е целосно подготвен да ја укине забраната.
Кога во 2013 година на жените им беше дозволено да присуствуваат на натпреварите од Светската лига во одбојка во Техеран, тие сепак не можеа да купат билети. Исклучок беше направен само за новинарките, но овој месец и ним им беше забрането да влезат во салите. Шефот на иранската полиција, Есмаил Ахмади Могадам, објасни дека „во сегашните услови, мешањето меѓу мажите и жените во спортските сали не е во интерес на јавноста“.
И покрај јавното негодување, пратеничката Фатема Алиа ја отфрли идејата на жените да им се дозволи присуство на натпреварите и рече дека нивна должност е да чуваат деца и да се грижат за нивните сопрузи, а не да гледаат други мажи како играат одбојка.
„Нема причина жените да одат на место каде што се собираат илјадници мажи. Тоа создава основа за непочитување и силување во општеството“, рече таа.
Друга пратеничка, Сакине Омрани, пак, за иранските медиуми изјави дека жените може да ги гледаат спортските натпревари дома, на телевизија, ако сакаат, „бидејќи додека спортуваат, мажите не се целосно облечени“.
Сол на раната додава и фактот што на жените од странство им беше дозволено да присуствуваат на натпреварите од Светската лига во одбојка што се играа овој месец во Техеран. Незадоволството на Иранките привлече големо внимание, па пратеникот Камаледин Пирмоезен, по натпреварите во одбојка против Бразил на средината на месецов, рече дека „Иранките, како и Бразилките, треба да имаат корист од одбојкарските натпревари“.
Шефот на полицијата Могадам, пак, нагласи дека високи свештеници се спротивставија на повикот на Ахмадинеџад од 2006 година на жените да им биде дозволено да влезат на спортските арени.
„Ставот заземен на верските учители и врховниот лидер е непроменет и како спроведувачи на законот, ние не можеме да им дозволиме на жените да влезат во салите“, рече тој.
„Сали за сите“ и „Каде е моето седиште“ беа дел од паролите на малиот протест што се одржа на 20 јуни пред Салата Азади во Техеран. Тоа беше доволно за остра реакција на властите. Очевидци велат дека неколку жени, нивните машки поддржувачи и најмалку еден новинар биле приведени на протестот.
Познатата новинарка Џила Банијагуб е една од најгласните критичарки за забраната за навивачки и спортски новинарки.
„Исламската Република повторно ги прекрши своите заложни за правата на жените“, напиша таа неодамна на својата Фејсбук страница.
Критики на забраната има и во дел од иранските медиуми. Порталот Ентехаб ја спореди забраната за жените да присуствуваат на спортските натпревари со забраната жените да возат автомобил во Саудиска Арабија.
„Тоа е проста работа, вообичаена, банална и нормална во цел свет, но во Саудиска Арабија тоа стана безбедносен проблем“, напиша Ентехаб.
Активистите како Лејла Мури се трудат да му го објаснат на светот тоа што се случува во Иран. Таа беше дел од кампањата „Бели шамии“ за укинување на забраната во 90-тите години од минатиот век. Под слоганот „Женските права се половина слобода“, кампањата ги присили властите да им дозволи на жените да присуствуваат на фудбалскиот натпревар против Катар во 2006 година. Истата година Мури го напушти Иран и се пресели во Њујорк. Таа смета дека изборот на умерениот претседател Хасан Рохани остава простор за активистите да го обноват барањето за укинување на забраната.
„Жените чувствуваат дека политичката атмосфера е малку поотворена, чувствуваат дека може да повторат некои од нивните претходни барања, во исто време и поради успехот на иранската одбојкарска репрезентација, жените сакаат да влезат во салата“, вели таа.