Одбојкарите успешни, а заборавени од сите

Одбојкарите ќе играат во полуфиналето на Европската лига. Да биде подвигот поголем, тој е постигнат кога националниот тим е заборавен од сите надлежни институции, па одбојкарите сами си ги финансираат подготовките.

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во полуфиналето на Европската лига. До овој историскиот успех, и тоа во дебитантскиот настап во Евролигата, избраниците на селекторот Жарко Ристоски дојдоа на две кола пред крајот на групната фаза, откако во изминатите три викенди забележаа максимални 6 победи (по две против Турција, Австрија и Данска) со кои го обезбедија најмалку второто место групата Б.

Ние сè уште сами си плаќаме за гориво, тоа што патуваме до Струмица, до Скопје, на тренинзи што патуваме, тоа сè уште сами си плаќаме, од џеб тие трошоци ги плаќаме. Така што седнавме и се договоривме дека ги оставаме овие проблеми на страна, бидејќи никој не ги слуша нашите апели, нашите молби, некој да ни помогне да ни излезе во пресрет.
Јовица Симовски, репрезентативец во одбојка.

Да биде подвигот поголем, тој е постигнат кога националниот тим е заборавен од сите надлежни институции, па одбојкарите сами си ги финансираат подготовките, а на натпреварите низ Европа патуваат со изнајмен автобус од РК Вардар.

Јовица Симовски, одбојкар.

Сите овие проблеми, спротивно на очекувањата, дополнително ги сплотија и мотивираа играчите. Тие, како што вели коректорот Јовица Симовски, се договориле да ги игнорираат неправдите и со давање максимум да постигнат врвен резултат, за кој заслугите ќе одат само на нивна адреса.

Се разбира дека имаме капацитет и дека ќе дадеме 120 отсто од нашите сили за да ја освоиме Европската лига.
Јовица Симовски, репрезентативец во одбојка.

„Ние бевме мотивирани и пред тоа. Значи, проблемите се сè уште тука, ние сè уште сами си плаќаме за гориво, тоа што патуваме до Струмица, до Скопје, на тренинзи што патуваме, тоа сè уште сами си плаќаме, од џеб тие трошоци ги плаќаме. Така што седнавме и се договоривме дека ги оставаме овие проблеми на страна, бидејќи никој не ги слуша нашите апели, нашите молби, некој да ни помогне да ни излезе во пресрет. Така што, ние играчите се договоривме дека ќе играме и дека ќе го направиме тој резултат, а на крај сите заслуги ќе си ги земеме за себе“, рече Симовски.

До крајот на групната фаза националниот тим треба да го одигра уште двомечот со Словенија (во Марибор, на 5-ти и на 6-ти јули). Тоа ќе биде дуел за првото место во групата и полуфинален реванш во Скопје.

„Секако дека ќе се обидеме да победиме. Меѓутоа, повеќе не е важно дали ќе победиме или ќе загубиме. Можеби е подобро и да завршиме како втори во групата, затоа што тогаш првиот полуфинален натпревар ќе го играме на домашен терен. Така што, со убедлива победа на домашен терен, потоа притисокот ќе биде врз нашиот противник. Така што, мислам дека нема што да загубиме во Словенија“, додаде Симовски.

Противникот во полуфиналниот двомеч (ќе се игра од 12-ти до 16-ти јули), ќе го дознаеме за десетина дена, по расплетот во групата А, каде што најголеми шанси за првите две позиции имаат Романија, Грција и Црна Гора. Тоа се селекции за респект, но и ривали кои, според Симовски, можеме да ги совладаме, а со тоа и да стигнеме до големото финале (од 23 до 26 јули), во кое би се бореле за првото место и пласман во најквалитетната Светска лига. Ова го наметнува и прашањето „има ли Македонија квалитет за влез во елитата?“, на што Симовски одговара:

„Јас мислам дека има. Затоа што во квалификациите за ЕП игравме два пати со Словенија и два пати загубивме по 3-2 во сетови, а водевме со 2-1. Така што мислам дека кога би играле финале би се сретнале со Словенија. Тогаш би имале исто така еден натпревар на домашен терен и тогаш сè е можно. Се разбира дека имаме капацитет и дека ќе дадеме 120 отсто од нашите сили за да ја освоиме Европската лига“, истакна на крајот Јовица Симовски.