Достапни линкови

Одбојкарките се враќаат на меѓународната сцена


Илустрација.
Илустрација.

Македонската женска одбојкарска репрезентација претстојниот викенд во Херцег Нови ќе игра во првиот круг од квалификациите за СП во Италија.

По петгодишна пауза македонската женска одбојкарска репрезентација претстојниот викенд ќе се врати на меѓународната сцена. Камбекот ќе биде во Херцег Нови, каде што од 24 до 26 мај, во првиот круг од квалификациите за СП во Италија, ќе ги одмериме силите со селекциите на Хрватска, Босна и Херцеговина и на домаќинот Црна Гора.
Женската одбојка има многу деца што тренираат и многу голем потенцијал. Затоа мене ми е драго што како-така се вративме на сцена и да почнеме да учествуваме во квалификации. Пред пет години почнавме многу фуриозно, а заврши лошо, многу кратко траеше. Се надевам дека ова е некој почеток нов, ќе има континуитет и ќе дојде се на свое место во догледно време.
Горан Јаневиќ, селектор на женската одбојкарска репрезентација.

Оваа одлука на Одбојкарската федерација на Македонија наиде на одобрување кај инволвираните во спортот, за кој многумина не ни знаат дека егзистира кај нас. Причина за тоа е слабиот квалитет на домашниот шампионат, што, според одбојкарските работници, е резултат токму на неактивноста на репрезентацијата, а со тоа и на немањето меѓународно искуство. Затоа тие веруваат дека настапот вон нашите граници, ќе ја „разбуди“ домашната женска одбојка, која, според селекторот Горан Јаневиќ, има потенцијал за високи дострели.

Типувам на Босна и Херцеговина, затоа што тука би можеле да направиме нешто. Хрватска е апсолутен фаворит на турнирот, Црна Гора e домаќин.
Горан Јаневиќ, селектор на женската одбојкарска репрезентација.
„Женската одбојка има многу деца што тренираат и многу голем потенцијал. Затоа мене ми е драго што како-така се вративме на сцена и да почнеме да учествуваме во квалификации. Пред пет години почнавме многу фуриозно, а заврши лошо, многу кратко траеше. Се надевам дека ова е некој почеток нов, ќе има континуитет и ќе дојде се на свое место во догледно време. Пак да се вратиме назад и така да тераме еден континуитет да се фати. Има голем потенцијал во играчки кадар, само треба ние да се организираме и Федерација и тренери и се тоа да биде како што треба“, рече Јаневиќ.

Тој во Херцег Нови ќе замине со 16 одбојкарки, од кои само две, интернационалката Марија Петровиќ (коректор, настапува во Грција) и Велика Сарајлиева (среден блокер), беа репрезентативки и пред пет години. Другите, според возраста, сè уште се дел од младите категории, а со тоа и дебитантки во националниот тим. Тоа најдобро говори дека на претстојниот квалификациски турнир преку достоен настап ќе се собира искуство, а селекторот се надева и дека враќањето на меѓународната сцена ќе биде прославено со една победа.

„Типувам на Босна и Херцеговина, затоа што тука би можеле да направиме нешто. Хрватска е апсолутен фаворит на турнирот, Црна Гора e домаќин, така што мислам дека последниот трет натпревар и ние таман ќе влеземе во континуитет, ќе биде она баш за престиж и некој резултат да направиме за победа“, додаде Горан Јаневиќ.

Инаку, кога е во прашање битката за пласман на Мундијалот (во 2014-та година), репрезентациите кои ќе ги освојат првите две места на турнирот во Црна Гора ќе се пласираат во втората квалификациска рунда. Таа, исто така по турнирски систем, ќе се одигра во октомври, кога ќе ги дознаеме учесниците во последниот квалификациски филтер, закажан за јануари наредната година.
XS
SM
MD
LG