Над 50 милиони луѓе во светот биле приморани да ги напуштат своите домови во минатата година, што е најголема бројка на бегалци од Втората Светска Војна, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации. Главни причини се воените конфликти и кризите во разни делови од светот.
Половина од вкупниот број бегалци се деца, и тоа оние што ги напуштиле регионите на конфликти кои светските сили не успеале да ги спречат или запрат, се вели во извештајот на Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, насловен Глобални трендови, а објавен денеска на Светскиот ден на бегалците.
„Ние навистина се соочуваме со енормно зголемување на принудно раселените во светот“, изјави комесарот за бегалци Антонио Гутиерес.
Вкупниот број на бегалци во минатата година од 51,2 милиони, е за 6 милиони поголем во однос на претходната година. Најголем број од новите бегалци се Сиријци, околу 2 ипол милиони во минатата година. Според Агенцијата на Обединетите Нации за бегалци, досега околу 3 милиони Сиријци пребегале во соседните земји, како Либан, Турција, Ирак и Јордан, а околу 6 ипол милиони се внатрешно раселени.
„Сведоци сме на се поголемата цена од војните кои не завршуваат, од неуспехот на решавањето или спречувањето на конфликтите“, изјави Гутиерес, додавајки дека Советот за Безбедност на Обединетите Нации е парализиран во врска со многу круцијални кризи во светот.
Нови и стари кризи
Конфликтите што избувнаа во оваа година, во Централно-африканската Република, во Украина и во Ирак, принудија многу семејства да ги напуштат своите домови, а посебно загрижува можниот масовен егзодус од Ирак.
„Мултиплицирањето на нови кризи, а во исто време и траењето на старите, се чини како никогаш да не завршува“, наведува комесарот за бегалци Антонио Гутиерес.
Најголем број од бегалците наоѓаат засолниште во земјите во развој, спротивно на митот што владее во светот и подгреван од некои политичари на Западот, дека нивните држави биле поплавени од бегалци, потенцира Гутиерес. Така, во развиениот свет постои мислење дека бегалците заминуваат, не за да си го спасат животот, туку по подобар живот на Запад. Вистината е дека 86 отсто од вкупниот број бегалци се во земјите во развој, истакнува Гутиерес.
Сепак, голем број бегалци и мигранти, со бродови, преку Медитеранот, пристигнуваат во Италија, која пак бара помош од Европската Унија. Италија има мисија наречена Mаре Нострум или Наше Море, за спасување на бегалците, која ја чини 9 милиони евра месечно.
Но, Гутиерес додава дека бегалците ги има насекаде.
„Ги гледаме на Медитеранската рута, на Карибската, низ Мексико до Соединетите Држави, од Авганистан кон Иран, Турција, кон Европа. Ги има насекаде“, вели комесарот за бегалци на Обединетите Нации, Антонио Гутиерес.

Најголем број од бегалците наоѓаат засолниште во земјите во развој, спротивно на митот што владее во светот и подгреван од некои политичари на Западот, дека нивните држави биле поплавени од бегалци.