Во Македонија не може да се дојде до пониски работни позиции без партиска книшка, а камо ли до раководни, па затоа изборот на функционери преку јавен конкурс е полулистички чекор, вели поранешниот пратеник Насер Зибери.
За два дена на владиниот оглас за 379 раководни позиции објавен викендов се пријавиле 180 кандидати, соопшти портпаролот на владата, пофалувајќи ја големата заинтересираност. Целта, како што беше најавено, е да се вклучат најспособните, најкадарните и најквалитетни кадри во процесите во државната управа.
Но, дел експерти не се убедени во ваквите тврдења. Поранешниот пратеник, аналитичарот Насер Зибери вели дека во Македонија не можело да се дојде до пониски работни позиции без партиска книшка, а камо ли до раководни. Затоа, тој смета дека владата ова го правела, само како што вели, да остави впечаток дека е отворена, а во реалноста се случувало сосема спротивното.
„При состојба на толку голем број на невработени да се даде оглас за вакви високи позиции во органите на управата, во јавни претпријатија, па и во дипломатскиот кор, мислам дека повеќе е една форма на популизам, отколку суштински обид за избори на најстручен и најкомпетентен кадар“, оценува Зибери.
Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики, пак, смета дека овој владин потег е добар, но дека не соодветствува со оној за кариерен развој во државната служба. Според неа, со принципот за правична застапеност што произлегува од Рамковниот договор, а сега и со ваквиот начин на вработување се поткопува постоечкиот систем за кариера на службениците во администрацијата.
„Имаме некој хибрид на користење на бизнис методи во управувањето во јавниот сектор што соодветствува со модерните текови на јавно управување, но тие не се целосно и конзистентно пренесено во нашиот систем и не соодветствуваат со постоечкиот систем на државна служба којшто го имаме и на тој начин го корумпираат, односно не овозможуваат негово целосно остварување“, вели Ристеска.
Инаку владата втора пролет по ред организира слични масовни акции за вработување во администрацијата преку јавни огласи. Имено, лани во мај беше распишан оглас за вработување на осумдесетина луѓе, меѓу кои советници на премиерот, директори или заменици на државни институции, членови на управни одбори, амбасадори и конзули.
Но, во јавноста од имињата на избраните на владиниот оглас најзапаметена остана амбасадорка во Белград, Вера Јовановска-Типко, поради тоа што предизвикаа реакции и критики за нестручност и неподготвеност за новата функција.
При состојба на толку голем број на невработени да се даде оглас за вакви високи позиции во органите на управата, во јавни претпријатија, па и во дипломатскиот кор, мислам дека повеќе е една форма на популизам, отколку суштински обид за избори на најстручен и најкомпетентен кадар.Насер Зибери, поранешен пратеник.
Но, дел експерти не се убедени во ваквите тврдења. Поранешниот пратеник, аналитичарот Насер Зибери вели дека во Македонија не можело да се дојде до пониски работни позиции без партиска книшка, а камо ли до раководни. Затоа, тој смета дека владата ова го правела, само како што вели, да остави впечаток дека е отворена, а во реалноста се случувало сосема спротивното.
„При состојба на толку голем број на невработени да се даде оглас за вакви високи позиции во органите на управата, во јавни претпријатија, па и во дипломатскиот кор, мислам дека повеќе е една форма на популизам, отколку суштински обид за избори на најстручен и најкомпетентен кадар“, оценува Зибери.
Имаме некој хибрид на користење на бизнис методи во управувањето во јавниот сектор што соодветствува со модерните текови на јавно управување, но тие не се целосно и конзистентно пренесено во нашиот систем и не соодветствуваат со постоечкиот систем на државна служба.Марија Ристеска, Центар за истражување и креирање политики.