Сите должат, но само граѓаните плаќаат

Сите ѝ должат на државата, но таа ги штити јавните претпријатија, а од луѓето присилно го наплаќа долгот, се жалат граѓаните.
Тоа што повеќе јавни институции се најдоа на листата на должници кон државата што ја објави Управата за јавни приходи, според граѓаните значи дека владата лицемерно се поставува кога нив ги оптоварува со присилна наплата. Како може државата да дозволува јавните претпријатија да не ги подмируваат долговите за данок и кој во ваков случај ќе ги штити правата на граѓаните, коментираат некои скопјани.
Владата треба да нареди и тие да плаќаат, тие повеќе треба да плаќаат од нас, ние со колкава пензија, со 7-8.000 сè ни е подмирено, нив треба да ги казнат.
Анкетиран граѓанин.


„Ова е непочитување на законските одредби од јавните претпријатија, додека граѓаните, физичките лица се малтретираат, така сега има блокирани 190 илјади трансакциски сметки и тоа на пензионери, на луѓе со мали примања, сето тоа со огромни камати.“


„Владата треба да нареди и тие да плаќаат, тие повеќе треба да плаќаат од нас, ние со колкава пензија, со 7-8.000 сè ни е подмирено, нив треба да ги казнат.“

„Кога сите граѓани би должеле, не би должеле колку едно претпријатие, на нас веднаш доаѓа камата, мора да ја платите или ве исклучуваат.“
Не е во ред што државата толерира одредени групи и субјекти, а потоа граѓаните и сите оние што не можат тоа да го избегнат ги оптоварува со дополнителни давачки, со присилна наплата итн.
Сашо Арсов, универзитетски професор.

Заради висината на долговите кои ги имаат државните работници разочарани се и економистите. МРТВ за која граѓаните плаќаат, според УЈП, на пример должи над 593 илјади. Според професор Сашо Арсов лицемерно е оваа куќа да наплатува такса од граѓаните, а своите обврски кон буџетот да не ги исполнува.

„Не е во ред што државата толерира одредени групи и субјекти, а потоа граѓаните и сите оние што не можат тоа да го избегнат ги оптоварува со дополнителни давачки, со присилна наплата итн.“

Повеќе од 3.500 фирми и граѓани се најдоа на листата на должници кон државата што деновиве ја објави Управата за јавни приходи. Тоа што се толерира долгот на јавните претпријатија според професор Арсов може да значи дека се прикриваат одредени состојби. Приватните компании ако не ги подмируваат своите долгови одат под стечај, додава Арсов.

„Тоа може да биде резултат на неефикасно работење, на прекумерно вработување или слично, така што можеби на овој начин се прикриваат некои слабости кои постојат во јавниот сектор. Потребно е тие да ги плаќаат своите обврски, да се види дали тие навистина може да го одржат своето работење или имаат некои слабости кои треба да се решаваат.“

Управата за јавни приходи првпат јавно ги објави граѓаните и компаниите кои должат на државата за данок, придонеси, акцизи, меѓутоа, економистите потсетуваат дека веќе години наназад се зборуваше дека државата односно нејзините компании се значајни должници, односно оти се креатор на неликвидност во стопанството. Пред две години министерот за финансии вети дека државата ќе ги подмири своите обврски кон компаниите и наводно тоа го направи, но ниту тогаш ниту денес не слушнавме колку изнесуваа обврските и дали сега се направени нови.