Како гром од ведро небо пристигна информацијата до градските власти во Охрид за новиот долг од 1,5 милиони евра. Станува збор за долг на МЈП Проаква потврден со правосилна пресуда на Врховниот суд на Македонија во однос на реализација на проектот за модернизација на системите за водоснабдување и отпадните води.
Општинскиот портпарол Томе Џамтоски рече дека граѓаните на Охрид уште долго ќе го плаќаат неразумното, неодговорно и крајно штетно работење и однесување на минатата власт кон сопствените сограѓани. Тој кажа дека долгот е кон Министерството за финансии, бидејќи во целиот тој проект се јавува како гарант заедно со општината и јавното претпријатие пред Европската банка-ЕБРД.
„И покрај огромните напори на градоначалникот Никола Бакрачески и новото општинско раководство, никако не може да се формира одбранбен механизам за општината да заздрави од кабадахијското менаџирање со градската каса и јавните претпријатија од времето кога владееше СДСМ. Овој долг, и покрај инволвираноста на повеќе финансиски институции и добрата волја од нивна страна во спроведување на проектот ’Модернизација на системите за водоснабдување и за отпадните води‘, исклучиво е резултат на нестручното и неодговорно работење на раководителите поставени од СДСМ“, рече Џамтоски.
Во општината велат дека од СДСМ повторно ќе се правдаат дека тие не се повеќе власт и дека новата општинска власт имала доволно време да се справи со наталожените проблеми. Локалните власти велат дека ова ќе претставува дополнителна потешкотија за општината чиј долг е 33 милиони евра, а Охрид е најзадолжена општина на Балканот. Уште повеќе, новиот долг ќе го отежни работењето на Проаква каде вработените немаат земено плати за последните три месеци. Директорот Томе Паскалоски вели дека од 2006 до 2013 година не биле исплаќани ратите за кредитот.
„Ние со 100 милиони денари сме веќе блокирани и работиме и со рамка исто како и општината за неопходно функционирање на основната дејност за да не ја затвориме фирмата. Ќе го отежни работењето секако и отежната е работата и досега. Ние имаме блокада и од УЈП, години наназад не биле плаќани даноците. На нас платата ни е поголема отколку што фактурираме за испорачана вода кон населението“, рече Паскалоски.
Томислав Тунтев, претседател на СДСМ Охрид, вели дека сегашната градска власт упорно се обидува сите долгови од минатото да ги препише на поранешната градска власт.
„Исто како што сегашниот градоначалник Бакрачески му ги брои и му ги става на конто на поранешниот градоначалник Петрески сите долгови кои пристигнале за наплата од општинската сметка од 2005-2013 година исто така следниот градоначалник на Охрид ќе му ги брои сите долгови на Бакрачески кои сега стигнуваат за наплата. И градоначалникот Наумов на времето плаќаше долгови од времето на Пашата, и Петрески плаќаше долгови од неговиот претходник Наумов“, рече Тунтев.
И покрај огромните напори на градоначалникот Никола Бакрачески и новото општинско раководство, никако не може да се формира одбранбен механизам за општината да заздрави од кабадахијското менаџирање со градската каса и јавните претпријатија од времето кога владееше СДСМ.Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид.
Општинскиот портпарол Томе Џамтоски рече дека граѓаните на Охрид уште долго ќе го плаќаат неразумното, неодговорно и крајно штетно работење и однесување на минатата власт кон сопствените сограѓани. Тој кажа дека долгот е кон Министерството за финансии, бидејќи во целиот тој проект се јавува како гарант заедно со општината и јавното претпријатие пред Европската банка-ЕБРД.
И градоначалникот Наумов на времето плаќаше долгови од времето на Пашата, и Петрески плаќаше долгови од неговиот претходник Наумов.Томислав Тунтев, претседател на СДСМ Охрид.