Наместо градските власти да субвенционираат летови од Охрид до Лондон, Градот треба авионски да се поврзе со земјите од регионот од каде има најмногу туристи.
Државата и Општина Охрид да се заложат и да воведат директна авио линија од Охрид до Истанбул и обратно, тоа би била една од мерките за помош на туристичкиот сектор, велат инволвираните во туризмот.
Гостите од Турција последните години се најбројни на ривиерата и тие доаѓаат во текот на целата година, а Истанбул е дестинација преку која Охрид може да поврзе со сите дестинации во светот што ќе влијае поволно и на зголемување на бројот на гости. Туристичките работници велат дека не гледаат никаква логика во намерата на градските власти во Охрид преку субвенционирање да најдат авио компанија која би летала од Охрид до Лондон.
„Не би можела да се согласам за Охрид - Лондон, бидејки не ја гледам таргет групата која би била заинтересирана за тој лет. Било која компанија да оствари таков лет треба да гледа некој потенцијал во пазарот кој ќе го отвори. Мислам дека Истанбул би бил најприфатливиот лет за Охрид или која било од западно европските дестинации како што е Париз, Копенхаген нешто кон што се стремиме и кон што имаме реален таргет“, вели Ана Јанчева менаџер во Хотел Дрим од Струга.
Тоа се прави со едно истражување на потенцијалната таргет група и со сеопфатна анализа, а не со одлука од денес за утре вели Јанчева.
„Не само со одлука денес би отварале лет за Лондон.Тоа треба да е производ на едно детално и темелно истражување“, вели Јанчева.
Инаку на Јавниот оглас кој неодамна беше распишан не се јави ниту една заинтересирана компанија. Истиот предвидуваше онаа компанија која ќе има најдобра понуда на оваа дестинација да оперира од 15 јуни до 15 септември најмалку двапати неделно, како и во текот на цела 2015 и 2016 година година со обврска да превезе најмалку 9.600 патници во текот на една година.
Филип Стефаноски, туристички работник од Охрид, вели дека е за поздравување обидот на локалните власти да субвенционираат авио линија, но оти Охрид прво треба да се поврзе авионски со државите од опкружувањето.
„Имаме држави кои интензивно инвестираат туристички во Македонија, како што е Турција која е исплатлива дестинација. Минатата година имаше околу 40 илјади гости кои или транзитно или престојуваа само во Македонија. Тоа би било одлично да имаме поврзување на Охрид со Истанбул и Измир. Има нискобуџетни компании кои сигурно би биле заинтересирани да инвестираат со нова дестинација во Охрид“, вели Стефаноски.
Државата и општината треба да воспостават контакт со нискобуџетните авио компании кои би летала до Турција со цел да се разработи уште повеќе овој регион, вели Стефаноски.
Не би можела да се согласам за Охрид - Лондон, бидејки не ја гледам таргет групата која би била заинтересирана за тој лет.Ана Јанчева, менаџер во Хотел Дрим од Струга.
Гостите од Турција последните години се најбројни на ривиерата и тие доаѓаат во текот на целата година, а Истанбул е дестинација преку која Охрид може да поврзе со сите дестинации во светот што ќе влијае поволно и на зголемување на бројот на гости. Туристичките работници велат дека не гледаат никаква логика во намерата на градските власти во Охрид преку субвенционирање да најдат авио компанија која би летала од Охрид до Лондон.
„Не би можела да се согласам за Охрид - Лондон, бидејки не ја гледам таргет групата која би била заинтересирана за тој лет. Било која компанија да оствари таков лет треба да гледа некој потенцијал во пазарот кој ќе го отвори. Мислам дека Истанбул би бил најприфатливиот лет за Охрид или која било од западно европските дестинации како што е Париз, Копенхаген нешто кон што се стремиме и кон што имаме реален таргет“, вели Ана Јанчева менаџер во Хотел Дрим од Струга.
Имаме држави кои интензивно инвестираат туристички во Македонија, како што е Турција која е исплатлива дестинација.Филип Стефаноски, туристички работник од Охрид.