Според Државниот завод за статистика, во изминатата година лековите поскапеле за 12,3 отсто.
Пораст на трошоците за здравје, за лекови и за фармацевтски производи, констатира Државниот завод за статистика во мај годинава споредено со минатата година. Според Државниот завод за статистика, лековите поскапеле за 12,3 отсто.
Овој податок за драстичен раст на цените, како што велат дел од граѓаните, е доказ за неисполнување на целите на здравствената политика во правец на поголема достапност на лековите. Откако започнаа најавите за поевтинување на лековите, секоја година од позитивната листа на лекови за кои граѓаните не плаќаат полна цена, се кратат лекови, дополнуваат некои граѓани.
„Јас сум дијабетичар и лекови за тоа можам да најдам, ама порано плаќав 10 денари за две кутии Глибедал, а сега за една кутија плаќам 26 денари. Нон-стоп се зборува дека лековите поевтинуваат, ама за хронично болните не се.“
„Сега излегувам од аптека, хроничен болен Хидрокортизон троши и не е на приоритетна листа, не е ова само кукање, туку на приоритетна листа ги даваат евтините лекови што може да се купат со готови пари, а јасно е дека ние сме многу оптоварени, бидејќи се работи за пензионер што има седум илјади денари пензија. Еве сега купив три пакетчиња, илјадарка. Колку е тоа од буџетот на еден пензионер да прашам, а без нив не може да живее.“
„Тие што не одат на рецепт, сите се скапи. Јас месечно плаќам за мене и за бабата приватно околу 4.000 илјади денари за лекови“, велат анектираните граѓани.
Неколку пати здравствените власти најавуваа поевтинување на одредени лекови. Пред два месеци со последното намалување кое беше петто по ред беа намалени цените на 352 лека, а за две години поевтинија околу 3.000 лекови, некои еднаш некои неколку пати. Тогаш експертите коментираа дека лековите поевтинуваат на светско ниво оти тоа го бара самиот пазар. Поскапувањето и поевтинувањето е економска политика што ја спроведува фондот и која потекнува од економски причини, коментираат сега фармацевтите.
„Производителот ја диктира цената. Ако поскапело производството, нормално дека ќе поскапат и лековите. Значи и Фондот за здравство зависи од производителите, од производствените цени“, вели д-р. Драган Поповски.
Аналгетици, антибиотици, седативи, се меѓу лековите кои поевтинија пред два месеци.
Според Државниот завод за статистика, пак, поскапеле и фармацевтските производи за 13,5 отсто здравствените услуги за 3,5 отсто и стоматолошките услуги за 2,1 отсто.
Порано плаќав 10 денари за две кутии Глибедал, а сега за една кутија плаќам 26 денари. Нон-стоп се зборува дека лековите поевтинуваат, ама за хронично болните не се.Анкетирана скопјанка.
Овој податок за драстичен раст на цените, како што велат дел од граѓаните, е доказ за неисполнување на целите на здравствената политика во правец на поголема достапност на лековите. Откако започнаа најавите за поевтинување на лековите, секоја година од позитивната листа на лекови за кои граѓаните не плаќаат полна цена, се кратат лекови, дополнуваат некои граѓани.
„Јас сум дијабетичар и лекови за тоа можам да најдам, ама порано плаќав 10 денари за две кутии Глибедал, а сега за една кутија плаќам 26 денари. Нон-стоп се зборува дека лековите поевтинуваат, ама за хронично болните не се.“
Производителот ја диктира цената. Ако поскапело производството, нормално дека ќе поскапат и лековите. Значи и Фондот за здравство зависи од производителите, од производствените цени.д-р. Драган Поповски.