Седницата на Парламентот на која ќе се врши избор на новата Влада ќе се одржи на 19 јуни, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Мандаторот Никола Груевски денеска до Собранието го достави предлогот за новиот состав и програмата на Владата. Седницата на Парламентот на која ќе се врши избор на новата Влада, согласно деловничките можности, ќе се одржи на 19 јуни, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.
Според информации што вчера ги објави телевизија Алфа, досегашниот амбасадор на Македонија во САД и претставник во разговорите за името Зоран Јолевски е новиот министер за одбрана. Неговото име всушност претставува и најголемото изненадување во новиот кабинет на Груевски.
За сметка на министерството со кое ќе раководи Јолевски сега, а кое досега беше на чело со кадар на ДУИ, партијата на Ахмети го доби ресорот образование.
Таму министер ќе биде Абдулаќим Адеми кој во претходните кабинети на Груевски имаше различни министерски позиции, односно беше прв човек на ресорот екологија, а претходно и вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор.
На таа позиција, пак, останува Муса Џафери кој и досега се грижеше за исполнувањата на обврските што произлегуваат од тој договор. Нов министер за локална самоуправа ќе биде Лирим Шабани, за екологија Бурхан Изаири, секторот економија ќе го води Беким Незири, а министерството за правда Аднан Јашари.
Михаил Цветков, според телевизијата, е предложен за министер за земјоделство и е второто ново име од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Јолевски. За другите ресори Груевски се одлучи да не менува ништо.
Имено, Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да го води Гордана Јанкулоска, за надворешни работи останува Никола Попоски, на местата министер за финансии и вицепремиер повторно е Зоран Ставрески. Нема промени ниту во министерствата за култура каде што останува Елизабета Канческа-Милевска, за транспорт и врски со кое ќе продолжи да раководи Миле Јанакиески, а Диме Спасов останува на чело на ресорот труд и социјала. И Никола Тодоров, Иво Ивановски,Фатмир Бесими и Владимир Пешевски остануваат на истите позиции.
Министри без ресор пак во овој владин состав ќе има двајца повеќе во споредба со минатиот. Според информациите во јавноста тоа ќе бидат Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумоф, Неждет Мустафа, Горан Мицковски, Висар Фида и Фурхан Чако.
Инаку денеска по предавањето на мандатот претседателот на собранието Трајко Вељаноски апелираше и ги повикува пратениците од опозицијата да ги земеле предвид интересите на Македонија и да се врателе во Собранието.
„Потврдувајќи ја определбата за доследно почитување на Уставот и на законите, и во оваа прилика, како и во претходните наврати, сосема искрено ги повикувам колегите пратеници од опозицијата да ги земат предвид интересите на Република Македонија и да дојдат во Собранието.Сигурната европска и евроатлантска иднина на Македонија е наша заедничка цел, обврска и предизвик, а токму Парламентот е местото каде тоа можеме со здружени сили најдобро да го направиме”, вели претседателот на македонскиот Парламент.

Сосема искрено ги повикувам колегите пратеници од опозицијата да ги земат предвид интересите на Република Македонија и да дојдат во Собранието.Трајко Вељаноски, претседател на Собранието