Новинарите се согласуваат дека сега постојат многу медиуми, но забележуваат дека премиерот не сака да зборува за фактот дека се контролирани од власта.
Опозицијата е децидна дека последното интервју на премиерот Груевски во кое кажува дека критиките дека не постои слобода на медиумите е надуен балон е уште еден аргумент за недобивањето датум за преговори.
Лидија Димова од СДСМ рече дека нема оправдување за состојбата со медиумите и оти проблемот не го измислила опозицијата, туку дека станал дел од пристапниот дијалог на високо ниво на Европската комисија.
„Не е само Европската комисија тука, тука се и сите други меѓународни организации кои ја ценат ситуацијата со медиумите и кажуваат дека ние сме во очајна состојба. А тоа дека премиерот си бара алиби за сопствениот неуспех сега, тоа е негова приказна и за жал тој ќе треба сам да се вади од таа кал“, вели Димова.
Новинарите се согласуваат дека сега постојат многу медиуми, но забележуваат дека премиерот не сака да зборува за фактот за контрола од власта.
Новинарот Драган Антоновски, кој е и потпретседател на Синдикатот на новинари, потенцира дека особено симптоматично е кога политичарите зборуваат за медиумите, потсетувајќи дека тоа е работа на медиумските организации да зборуваат за стандардите, а не на политичарите кои, како што вели, пристрасно ќе го направат тоа.
„Не би правел споредба со тоа како било во времето на Црвенковски и како е сега. Во новинарството постојат правила, значи не известувате ниту во име на опозиција, ниту во име на власта, известувате и правите вистинити информации во име на граѓаните“, вели Антоновски.
Насер Селмани од ЗНМ не се согласува дека приказната за слободата на медиумите е надуена, потсетувајќи меѓу другото на настаните од 24 декември во Собранието кога новинарите беа исфрлени од Собранието.
„Не е надуен балон дека Македонија е единствена земја во Југоисточна Европа во која има осуден новинар на казна затвор за наводно откривање на идентитет на заштитен сведок. Точно е дека во Македонија се случи 24 декември кога новинарите со сила беа спречени да ја следат собраниската седница буџетот. Факт е дека македонските институции не покажаа капацитет да го затворат тоа прашање“, вели Селмани.
Слаѓана Димишкова од МАН со став дека секој има право да каже свое мислење за било која област, па дури и за медиумската и дополнува оти смета дека новинарите треба да стават акцент на она што треба сами да го постигнат за она што е најголем проблем во новинарската професија.
„Тоа е да имаме самостојни новинари со регулиран статус во медиумите каде што работат, тоа е првата работа и втората работа што треба да ја постигнеме е реални уредувачки тимови, што подразбира уредници што ќе имаат права, но и обврски во креирањето на политиката во медиумите“, вели Димишкова.
Петрит Сарачини од МИМ вели дека оценките за новинарството во Македонија што доаѓаат од надвор се одраз на реалните состојби, а оти изјавите на премиерот се за домашна употреба.
„Премиерот може да домашна употреба да раскажува вакви приказни, ама оваа негова приказна во светот не врви“, вели Сарачини.
Во интервјуто за МИА премиерот Груевски наведува дека приказната со слободата на медиумите е надуен балон во недостаток на силна и креативна опозиција, дека таа теза се користи за политичка битка и оти тоа е нивно алиби за поразите.
Сега најдовте да зборувате за слобода кога сега има толку многу медиуми за разлика од времето на Црвенковски кога имаше од еден до два медиуми, рече Груевски. Новинарите се согласуваат дека сега постојат многу медиуми, но забележуваат дека премиерот не сака да зборува за фактот дека се контролирани од власта.
Не е надуен балон дека Македонија е единствена земја во Југоисточна Европа во која има осуден новинар на казна затвор за наводно откривање на идентитет на заштитен сведок. Точно е дека во Македонија се случи 24 декември кога новинарите со сила беа спречени да ја следат собраниската седница буџетот. Факт е дека македонските институции не покажаа капацитет да го затворат тоа прашање.Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
Лидија Димова од СДСМ рече дека нема оправдување за состојбата со медиумите и оти проблемот не го измислила опозицијата, туку дека станал дел од пристапниот дијалог на високо ниво на Европската комисија.
„Не е само Европската комисија тука, тука се и сите други меѓународни организации кои ја ценат ситуацијата со медиумите и кажуваат дека ние сме во очајна состојба. А тоа дека премиерот си бара алиби за сопствениот неуспех сега, тоа е негова приказна и за жал тој ќе треба сам да се вади од таа кал“, вели Димова.
Новинарите се согласуваат дека сега постојат многу медиуми, но забележуваат дека премиерот не сака да зборува за фактот за контрола од власта.
Новинарот Драган Антоновски, кој е и потпретседател на Синдикатот на новинари, потенцира дека особено симптоматично е кога политичарите зборуваат за медиумите, потсетувајќи дека тоа е работа на медиумските организации да зборуваат за стандардите, а не на политичарите кои, како што вели, пристрасно ќе го направат тоа.
Тоа е да имаме самостојни новинари со регулиран статус во медиумите каде што работат, тоа е првата работа и втората работа што треба да ја постигнеме е реални уредувачки тимови, што подразбира уредници што ќе имаат права, но и обврски во креирањето на политиката во медиумите.Слаѓана Димишкова, претседателка на МАН.