И без советничко место и без пратенички мандат, останаа многу опозиционери откако беа избрани за пратеници, а не седнаа во пратеничките клупи, а го загубија и местото советници.
Советот на општина Битола продолжи да работи без едни од пожестоките советници-критичари на локалната власт, Васко Ковачевски, воедно и локален лидер на СДСМ и Јулијана Силјановска, советник од истата партија. Нив им беа укинати советничките мандати, откако Собранието им ги верификува пратеничките по парламентарните избори пролетва. Одлуката не се измени ни откако пратениците од опозицијата доставија свои оставки во Собранието. Според Ковачевски, кој беше и координатор на советничката група на СДСМ во општинскиот совет ова се присилни, а не демократски чекори.
„На виделина излезе уште еднаш насилното владеење на оваа власт. Првиот чекор го направи Собранието на РМ со насилното верификување на мандатите на избраните кандидати за пратеници од опозицијата и покрај нашата јасно изразена волја, заверена преку изјава на нотар, дека вакви мандати на нефер и недемократски избори не прифаќаме. Вториот чекор го направи владеачкото мнозинство на советот на општина Битола. Очигледно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ се ќе направи само насилно да не направи нас опозиционерите пратеници во овој парламент, иако ние тоа не го прифаќаме“, вели Ковачевски.
Со ова двајцата опозиционери од Битола избрани за пратеници, не седнаа во пратеничките клупи, а го загубија и местото советници. Вакви случаи имаше и во други општини низ Македонија.
Од владејачката коалиција во битолскиот совет, предводена од ВМРО-ДПМНЕ велат дека преземаат чекори според законските одредби.
„Функцијата пратеник не е споива со функцијата член на Советот. Со денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата член на советот им престанува. Постапувајќи согласно со законските прописи, нови членови на Советот стануваат Александар Касапов и Благица Ѓилевска од листата со кандидати на Сојузот на иднината. Тие го прифатија мандатот за членови на Советот“, изјави Силвана Ангелевска, претседател на општинскиот совет.
Власта на ВМРО-ДПМНЕ се ќе направи само насилно да не направи нас опозиционерите пратеници во овој парламент, иако ние тоа не го прифаќаме.Васко Ковачевски, СДСМ - Битола.
„На виделина излезе уште еднаш насилното владеење на оваа власт. Првиот чекор го направи Собранието на РМ со насилното верификување на мандатите на избраните кандидати за пратеници од опозицијата и покрај нашата јасно изразена волја, заверена преку изјава на нотар, дека вакви мандати на нефер и недемократски избори не прифаќаме. Вториот чекор го направи владеачкото мнозинство на советот на општина Битола. Очигледно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ се ќе направи само насилно да не направи нас опозиционерите пратеници во овој парламент, иако ние тоа не го прифаќаме“, вели Ковачевски.
Со ова двајцата опозиционери од Битола избрани за пратеници, не седнаа во пратеничките клупи, а го загубија и местото советници. Вакви случаи имаше и во други општини низ Македонија.
Со денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата член на советот им престанува.Силвана Ангелевска, претседател на Совет на Општина Битола.