По исцрпувањето на целата листа, Собранието може да распише нови избори, а целата процедура може да заврши за најмногу три месеци, но и порано, објаснува професорот по уставно право Светомир Шкариќ.
Правна разврска од моменталната ситуација има, но политичките импликации се неминовни се согласуваат и политичарите. Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, вели дека најверојатно ќе се создадат услови за одржување на дополнителни избори, на кои, според него, ќе учествуваат сите партии кои имаат амбиции да бидат дел од парламентот, а кои на изборите не освоија доволно гласови за тоа.
„Постојано ќе биде тоа една пречка за оценки за тоа дали во Македонија има демократија, нема демократија и веројатно ќе се бара некое решение како да се надмине ваквата состојба. Засега нема такви иницијативи како да се надмине ваквата состојба“, вели Трајанов.
Евентуалното распишување на дополнителни парламентарни избори веројатно ќе бидат оспорувани, вели Тито Петковски од НСДП. Според него, постојат многу непознаници околу една состојба со која за првпат се соочуваме.
„Бидејќи ние како граѓани веќе сме гласале и јас сум се определил за една политичка партија, бидејќи моделот е пропорционален имам еден глас, не можам два пати да излегувам на избори“, вели Петковски.
Со поднесувањето на оставките од страна на опозицијата се разрешува дилемата што понатаму, категоричен е професорот по уставно право Светомир Шкариќ. Откако Собранието ќе ги констатира оставките, ја известува Државната изборна комисија за бројот на празни пратенички места, по што, пак, комисијата им предлага на останатите од листата да се изјаснат дали ги прифаќаат местата. По исцрпувањето на целата листа, Собранието може да распише нови избори, а целата процедура може да заврши за најмногу три месеци, но и порано, објаснува Шкариќ.
„Овде ситуацијата е многу јасна. Опозицијата е тука цврста и јасна, се откажува од пратеничките мандати, нивните оставки се морално-политички чин, никој не смее ни да праша зошто, не смее да ги оспорува, тоа е нивна лична волја и со тоа на парламентарното мнозинство му прави голема услуга. Тоа може да ги преземе сите дејствија предвидени со Изборниот законик за пополнување на тие места“, вели Шкариќ.
Парламентарното мнозинство треба да постапи според изборниот законик, претседателот на Собранието овластен за распишување на изборите треба да ги преземе потребните дејствија, за да може Собранието да работи во полн состав после два месеци. На дополнителните избори може да се јави секоја партија или независни кандидати, објаснува Шкариќ. Ако од опозицијата не се јават на тие избори, ќе се јават други партии од владејачкото мнозинство и пак ќе се пополни Собранието. А дали и каква опозиција ќе имаме по изборите, дали таа ќе биде квалитетна или декорна е друго прашање, вели Шкариќ.
„Ако нема опозиција, односно ако нема пратеници што ќе ги запираат одлуките или предлозите на парламентарното мнозинство, тогаш може да се очекува дека ќе има лоши закони, владата ќе биде неконтролирана, а неконтролирана влада е секогаш неодговорна влада“, вели тој.
Шкариќ порачува дека моменталната ситуацијата е јасна и недвосмислена, но само доколку, како што вели, парламентарното мнозинство има совест и не сака да создава правни проблеми и компликации.
Засега нема такви иницијативи како да се надмине ваквата состојба.Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз.
„Постојано ќе биде тоа една пречка за оценки за тоа дали во Македонија има демократија, нема демократија и веројатно ќе се бара некое решение како да се надмине ваквата состојба. Засега нема такви иницијативи како да се надмине ваквата состојба“, вели Трајанов.
Евентуалното распишување на дополнителни парламентарни избори веројатно ќе бидат оспорувани, вели Тито Петковски од НСДП. Според него, постојат многу непознаници околу една состојба со која за првпат се соочуваме.
Ние како граѓани веќе сме гласале и јас сум се определил за една политичка партија, бидејќи моделот е пропорционален имам еден глас, не можам два пати да излегувам на избори.Тито Петковски, претседател на НСДП.
„Бидејќи ние како граѓани веќе сме гласале и јас сум се определил за една политичка партија, бидејќи моделот е пропорционален имам еден глас, не можам два пати да излегувам на избори“, вели Петковски.
Со поднесувањето на оставките од страна на опозицијата се разрешува дилемата што понатаму, категоричен е професорот по уставно право Светомир Шкариќ. Откако Собранието ќе ги констатира оставките, ја известува Државната изборна комисија за бројот на празни пратенички места, по што, пак, комисијата им предлага на останатите од листата да се изјаснат дали ги прифаќаат местата. По исцрпувањето на целата листа, Собранието може да распише нови избори, а целата процедура може да заврши за најмногу три месеци, но и порано, објаснува Шкариќ.
Опозицијата е тука цврста и јасна, се откажува од пратеничките мандати, нивните оставки се морално-политички чин, никој не смее ни да праша зошто, не смее да ги оспорува, тоа е нивна лична волја и со тоа на парламентарното мнозинство му прави голема услуга. Тоа може да ги преземе сите дејствија предвидени со Изборниот законик за пополнување на тие места.Светомир Шкариќ, универзитетски професор.