Министерството за финансии ќе се задолжи за 84 милиони евра преку државни записи и аукции, а еден ден подоцна државата ќе треба да врати долг од 85 милиони евра.
Министерството за финансии ќе се задолжи за 84 милиони евра преку државни записи и аукции, а еден ден подоцна државата ќе треба да врати долг од 85 милиони евра. Нè чекаат многу години на нови задолжувања за враќање на старите, а во меѓувреме ќе се плаќаат каматите на тие износи, порачуваат експертите. Во меѓувреме беше забележано мало намалување на јавниот долг на централната влада од 0,5 отсто. Според последните податоци, до крајот на април нивото на задолженост на централната влада се намалило на 35,3 отсто од бруто домашниот производ, односно изнесува 2 милијарди 817 милиони евра.
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека трендот на задолжување на Владата на посериозно ниво започнал од 2009 година и буџетскиот дефицит секоја година се зголемува.
„Дефицитот во буџетот секоја година е 3-4 проценти од БДП-то, што е голем износ, тоа е околу 250-300 милиони евра и тој не се враќа, туку секоја наредна година се зголемува со нови 3-4 проценти, со нови 250-300 милиони евра. Тие задолжувања владата не ги враќа, туку постојано кога доспеваат старите, ги отплаќа со земање нови кредити“, вели Поповски.
Доерте Доемеланд од канцеларијата на Светска банка на презентацијата на последниот извештај за земјава порача дека од 2008 година рапидно се зголемува долгот на централна влада и јавниот долг.
„Ние сметаме дека и долгот на централна влада и јавниот долг сè уште се во подносливо ниво на менаџирање. Јавниот долг е на пониско ниво од просекот на регионот. Но, како и да е, важно е Владата да ја следи фискалната рамка на среден рок, која лани ја објави и да го следи предвидениот буџетски таргет што ќе го стабилизира нивото на долг“, рече таа.
Според Поповски, таквиот тренд на земање на нови кредити за враќање на старите ќе се практикува и во иднина.
„Овој процес треба да очекуваме дека во иднина уште долго ќе се влече, условно речено, и дека нема да може да се извлечеме од тоа, затоа што ако почне владата да ги враќа средствата што доспеваат, не се нови кредити, туку со средства од буџетот, тогаш ќе треба да се откаже од многу од својата потрошувачка“, вели Поповски.
Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд препорачаа Владата да се држи до проектираниот буџетски дефицит од 3,5 отсто.
Дефицитот во буџетот секоја година е 3-4 проценти од БДП-то, што е голем износ, тоа е околу 250-300 милиони евра и тој не се враќа, туку секоја наредна година се зголемува со нови 3-4 проценти, со нови 250-300 милиони евра. Тие задолжувања владата не ги враќа, туку постојано кога доспеваат старите, ги отплаќа со земање нови кредити.Никола Поповски, поранешен министер за финансии.