„Купидона и други драми“ е насловена книгата на Срѓан Јаничиевиќ што како издание во престижната едиција „Гестус“ на издавачката куќа „Блесок“ од Скопје се појави деновиве. Станува збор за пет драмски текстови на режисерот напишани и изведени во македонските театри во перидот 2005 – 2013 година, а чија промоција ќе се случи оваа среда, на 4 јуни, од 21.30 часот, во рамките на Театарскиот фестивал – МНТ.
Кажано сосема поедноставено: драмата е дејство што сега, токму сега, додека ние гледаме – интензивно го извршуваат неговите ликови. Кои, за да дејствуваат, мора и да се движат, и да зборуваат, и да размислуваат поинаку од „хартиените“ прозни субјекти. За да ги направи такви, да ги задоволи овие важни предуслови, драмскиот автор мора успешно да ги совлада трите клучни занаетчиски вештини: поинаку да го обмисли/структуира самото дејство, прецизно да ги дефинира ликовите што тоа дејство ќе го „одработат“ и можеби најважно – на тие ликови да им ги напише конзистентните и ефикасни реплики кои навистина ќе бидат драмски /дејствени а не литературни/раскажувачки, Јаничиевиќ се вбројува во она драгоцено малцинство македонски драматичари кои сите три вештини ги владеат беспрекорно. Таквите ги нарекувам „драматичари со тешка рака“.
Ова меѓу другото ќе го запише проф. д-р. Јелена Лужина во предговорот на книгата „Купидона и други драми“ на Срѓан Јаничиевиќ, што како трето издание на престижната едицијата “Гестус“ на „Блесок“ ( по оние на Слободан Шнајдер и Биљана Србљановиќ) , се појави деновиве. Во делото на македонскиот режисер и автор освен мјузиклите „Купидона“ и „Оливер Твист“ поместени се „Don't You Faust Me!“, „Шехерезада – црна комедија во 1001 минута“ и „Ќелавото момче и волшебниот печат“, драмските текстови што на сцените на македонските театри се изведени во периодот 2005 – 2013 година.
„Колку и да не го сакам зборот занает, сепак во театарот мора да постојат некои правила и ти како уметник мора да ги почитуваш и занаетски затоа што во поинаков случај - кога ги кршиш треба да знаеш зошто ги кршиш тие правила. Така да, најверојатно, професорката Лужина ја има видено таа театарска и драмска структура во моите пиеси за да ги каже тие тешки зборови“, вели Јаничиевиќ.
Говорејќи за односот кон сопствените текстови, режисерот потенцира дека милува да им приоѓа „како никогаш претходно да не ги видел во животот“.
„Имам голема дистанца кон Срѓан како писател и Срѓан како режисер. Кога влегувам во проби со мој текст дури некогаш ми е тешко оти не можам да направам „птичја перспектива“ што е многу потребно кога правиш претстава. Во принцип многу ми е креативно и поинтересно да работам туѓ текст отколку свој. Од друга страна, пак, моите претстави многу повеќе ми значат. “
Јаничиевиќ појаснува дека претходно никогаш не ни претпоставувал дека ќе се случи „Купидона и други драми“. Вели дека таа е плод на една сосема случајна средба со Игор Исаковски од „Блесок“ и дека „самиот не се доживува како човек кој сега одеднаш би се здобил со амбиција да се бави со книжевност“.
„Ова повеќе е производ на еден мој театарски живот, отколку на некаква идеја да бидам драмски писател. Моментално работам нов текст, во план ми се уште два -три, што подразбира дека би требало да излезат уште неколку драми во иднина, меѓутоа дали ќе ги објавувам или тоа ќе бидат само чисти театарски моменти јас не можат однапред да кажам. “
Инаку, промоцијата на книгата е планирано да се случи оваа среда, на 4 јуни, од 21.30 часот во рамките на Меѓународниот театарски фестивал – МНТ, а авторот и издавачот „Блесок“, онака како што ним им прилега, решиле таа да се одвива под мотото: За да ви се преврти умот. Нежно како ракавица. Ова подразбира дека во перформансот со пеење и глума учество ќе земат петнаесеттина актери и музичари, а ќе заврши со забава на која за одбирот ќе биде задолжен диџеј Игор Василев - Новоградска.
„Со оглед на тоа што две од драмите кои што се во книгата се мјузикли - „Купидона“ и „Оливер Твист“ , сакам да се отпеат по една или две песни од тие претстави, односно сево ова да биде повеќе концерт отколку театар. Театарот сме го виделе како претстава, сега идејата е малку повеќе да ги слушнеме песните во него. А, од друга страна, сакам неколку сцени што ми се битни и интересни од другите текстови да ги одиграат глумци. “
Роден 1970 година во Скопје, Сраѓан Јаничиевиќ е еден од најсестраните и најекспонирани македонски уметници. Дипломирал интермедијална режија на Факултетот за драмски уметности и во својата дводецениска богата творечка кариера има 13 театарски претстави, две телевизиски серии, авторски приказни во два играни омнибус-филма („Светло сиво“, 1993 и „Скопје ремикс“, 2012), повеќе музички видеа и арт-продукции, радио драма, документарен филм...Згора на тоа се пројавувал и како музичар, продуцент, арт-директор, актер, дизајнер, автор на анимирани филмови, сценарист, либретист, преведувач...
Неговата панк-опера „Купидона“ е наградена на Македонскиот театарски фестивал во Прилеп како најдобра претстава во оф-програмата (2006), додека дебитантската претстава „Зрното грашок и принцезата“ освои дури три главни награди на еминентните детски фестивали во Италија (Перуѓа, 1997), Србија (Суботица, 1996) и Бугарија (Смолен, 1994)...
Згора на ова дел од претставите му биле изведувани и наградувани на некои од најпрестижните регионални и европски фестивали како Единбург Фринџ фестивал (актер во претставата „Една за по пат“ на Харлолд Пинтер, режија на Синиша Евтимов, 1997), Стериино позорје во Нови Сад („Павилјони“, 2003), Интернационален детски фестивал во Шибеник („Малиот принц“, 2013)...
Конечно, некогашниот панкер и припадник на „новиот бран“, момчето што првиот драмски текст го напиша и режираше на 14 години, со актуелната објава - книгата пиеси „Купидона и други драми“ се пројавува и како сериозен урбан драматичар од кого допрва треба да се очекуваат текстови и поставки што ќе изненадуваат и ќе шокираат. Ова посебно ако се знае дека времево и просторов душа дале за пројави на самосвесни кои поодамна се обврзале пред себе поигрувајќи се со реалноста да ги разбиваат летаргијата и паланечките стереотипи.
Имам голема дистанца кон Срѓан како писател и Срѓан како режисер. Кога влегувам во проби со мој текст дури некогаш ми е тешко оти не можам да направам „птичја перспектива“ што е многу потребно кога правиш претстава.Срѓан Јаничиевиќ.
Ова меѓу другото ќе го запише проф. д-р. Јелена Лужина во предговорот на книгата „Купидона и други драми“ на Срѓан Јаничиевиќ, што како трето издание на престижната едицијата “Гестус“ на „Блесок“ ( по оние на Слободан Шнајдер и Биљана Србљановиќ) , се појави деновиве. Во делото на македонскиот режисер и автор освен мјузиклите „Купидона“ и „Оливер Твист“ поместени се „Don't You Faust Me!“, „Шехерезада – црна комедија во 1001 минута“ и „Ќелавото момче и волшебниот печат“, драмските текстови што на сцените на македонските театри се изведени во периодот 2005 – 2013 година.
„Колку и да не го сакам зборот занает, сепак во театарот мора да постојат некои правила и ти како уметник мора да ги почитуваш и занаетски затоа што во поинаков случај - кога ги кршиш треба да знаеш зошто ги кршиш тие правила. Така да, најверојатно, професорката Лужина ја има видено таа театарска и драмска структура во моите пиеси за да ги каже тие тешки зборови“, вели Јаничиевиќ.
Ова повеќе е производ на еден мој театарски живот, отколку на некаква идеја да бидам драмски писател. Моментално работам нов текст, во план ми се уште два -три, што подразбира дека би требало да излезат уште неколку драми во иднина.