Во категоријата до 60 килограми на ЕП во Тампере(Финска) овој месец, каратистот Емил Павлов освои златен медал, што е наш најзначаен машки трофеј во овој спорт.
Каратистот Емил Павлов на ЕП, кое на почетокот на месецов се одржа во Тампере (Финска), ја испиша најсветлата страница во историјата на македонското карате. Тој, во категоријата до 60 килограми освои златен медал, што е наш најзначаен машки трофеј во овој спорт (претходно највредно беше среброто на Иво Цветковски од европскиот шампионат во 2007-ма година) и повторување на подвигот на Наташа Илиевска од пред три години.
За големината на успехот говори и фактот што до титулата сениорски европски првак Павлов дојде со само 22 години, но и по 15-годишна кариера, во која има освоено многу одличја, меѓу кои највредни се златото од јуниорско Балканско првенство, светската универзитетска бронза и неколку први места на силни меѓународни турнири како што се Премиер лигата и Светскиот куп (Салцбург, Лашко...). Сето ова говори дека успехот во Финска не е случаен.
„Голема пожртвуваност, многу работа, многу тренинзи, откажување од многу работи и преголема желба за успех. И најзаслужни, бидејќи без нив ова немаше да се оствари, се моите тренери Сашко и Жарко Арсовски. Тука да го издвојам и селекторот Петар Белистојановски и поддршката и помошта од Карате федерацијата на Македонија на чело со претседателот Драган Стојановски“, изјави членот на КК Штип.
Со последниот подвиг, Павлов се избори за четиригодишна стипендија од светска категорија (месечно ќе добива по две просечни плати) и за спортска пензија по завршувањето на кариерата, која ја доделува Агенцијата за млади и спорт. Тоа му носи финансиска сигурност, но и обврска за уште понапорна работа, а со тоа и за продолжување на серијата успеси.
„Сега ќе биде многу полесно бидејќи имам поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Мислам дека тој финансиски проблем ќе ми биде решен и тоа ќе ми биде еден мотив повеќе и во иднина да продолжам активно, професионално да се занимавам со овој спорт. И тоа ми е од голема помош за полесно и подобро да тренирам и да учествувам на голем број натпревари и да донесувам резултати“, додаде Павлов.
Првата можност за потврда на претходно кажаното Емил ќе ја има наредниот месец (19-ти јуни) на универзитетскиот Мундијал, по што го очекуваат неколку силни меѓународни турнири, на кои ќе ја темпира формата за најзначајниот годинашен настан - ноемвриското СП во Бремен (Германија). Павлов е свесен дека е полесно да се стигне до врвот, отколку да се остане на него, но исто така знае дека сега за јавноста успех ќе биде само освојувањето на нови трофеи.
„Па да, тоа е моја обврска. Значи, на СП во Бремен, мојата цел ќе биде да се вратам со медал и од тоа големо натпреварување. Верувам, дека тоа и ќе се случи, бидејќи на ЕП се стекнав со многу самодоверба, победував и европски прваци и носители на светски медали и мислам дека со добра подготовка со моите тренери, со моите колеги од репрезентацијата би можел да стигнам до голем успех“, истакна на крајот Емил Павлов.
Голема пожртвуваност, многу работа, многу тренинзи, откажување од многу работи и преголема желба за успех.Емил Павлов, каратист.
За големината на успехот говори и фактот што до титулата сениорски европски првак Павлов дојде со само 22 години, но и по 15-годишна кариера, во која има освоено многу одличја, меѓу кои највредни се златото од јуниорско Балканско првенство, светската универзитетска бронза и неколку први места на силни меѓународни турнири како што се Премиер лигата и Светскиот куп (Салцбург, Лашко...). Сето ова говори дека успехот во Финска не е случаен.
„Голема пожртвуваност, многу работа, многу тренинзи, откажување од многу работи и преголема желба за успех. И најзаслужни, бидејќи без нив ова немаше да се оствари, се моите тренери Сашко и Жарко Арсовски. Тука да го издвојам и селекторот Петар Белистојановски и поддршката и помошта од Карате федерацијата на Македонија на чело со претседателот Драган Стојановски“, изјави членот на КК Штип.
Сега ќе биде многу полесно бидејќи имам поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Мислам дека тој финансиски проблем ќе ми биде решен и тоа ќе ми биде еден мотив повеќе и во иднина да продолжам активно, професионално да се занимавам со овој спорт.Емил Павлов, каратист.