По последната, според многумина апсурдна казна поради непуштање на доволно народна музика, ЗНМ оцени дека со тоа сериозно се загрозува слободата на медиумите. Дали Агенцијата за медиуми е алатка на власта?
Јавен притисок, измени на законот, а во краен случај и протести. Ова, според упатените во медиумските проблеми, се начините со кои новинарите би требало да се спротивстават на високите казни кои ги изрекува Агенција за медиуми, а кои во јавноста се доживуваат како одбележување или пресметка со непослушните.
По последната, според многумина апсурдна казна поради непуштање на доволно народна музика, ЗНМ оцени со тоа сериозно се загрозува слободата на медиумите.
Претседателот на Здружението, Насер Селмани, вели дека ќе подготват документ за да ги информираат странските институции кои учествувале во спремањето на новиот закон и ќе бараат тие повторно да се вклучат. ЗНМ ќе инсистира на измени на законот во делот на намалување на казните и ќе бараат да нема долна граница, односно казните да бидат од нула денари.
„Ако тоа после го прави, со закон каде што нема долен лимит на казна, тогаш веќе ќе биде јасно дека Агенцијата, наместо како регулатор што практично треба да биде на страна на медиумите, се поставува во позиција на цензор којшто ќе ги казнува и ќе ги дисциплинира оние што не ја поддржуваат власта и на некој начин ќе ги фаворизира оние што ја поддржуваат власта“, вели Селмани.
И директорката на Високата школа за новинарство и односи со јавноста Жанета Трајкоска смета дека сега треба да се бараат намалување на енормно високите казни. Но, според неа, мора да се инсистира и на прецизни, недвосмислени и јасни законски одредби со кои нема да се дозволи на Агенцијата за медиуми да се гледа како на маша за поткусурување кон оние кои не условно кажано не и се допаѓаат на власта.
„Притисокот на јавноста мора да е постојан, континуиран и да се зголемува. Само така може да има некаков тип на промени, имајќи предвид дека сега и во Парламентот имаме скоро апсолутно мнозинство и може да помине која било законска обврска. Значи, мора да се работи на убедување на оние кои во моментов се на власт дека овој закон не прави добро за развојот на медиумите и медиумската индустрија во Република Македонија“, вели Трајкоска.
Соговорниците сметаат дека евентуални новинарски протести против ваквата политика се можни ако не успее притисокот за законски измени, но дека за тоа мора да се солидаризираат и сопствениците на медиумите.
Претходно, барања за прекршочни постапки поради кршење на изборниот молк Агенцијата поднесе за телевизиите Ера и 24 вести, а истата телевизија заедно со Телма беа посочени од првиот човек на агенцијата Зоран Трајчевски дека објавиле истражување на јавно мислење заради манипулација на јавноста.
Во меѓувреме Македонија постојано паѓа на ранг листите кои ја мерат слободата на медиумите. Според последниот извештај на Фридом Хаус објавен месецов државава е на 122 место и само три поени ја делат од „делумно слободна“ да влезе во графата „неслободна“ земја. Во мерењата на оваа организација во последниве пет години Македонија падна за 11 места.
Агенцијата, наместо како регулатор што практично треба да биде на страна на медиумите, се поставува во позиција на цензор којшто ќе ги казнува и ќе ги дисциплинира оние што не ја поддржуваат власта и на некој начин ќе ги фаворизира оние што ја поддржуваат власта.Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
По последната, според многумина апсурдна казна поради непуштање на доволно народна музика, ЗНМ оцени со тоа сериозно се загрозува слободата на медиумите.
Претседателот на Здружението, Насер Селмани, вели дека ќе подготват документ за да ги информираат странските институции кои учествувале во спремањето на новиот закон и ќе бараат тие повторно да се вклучат. ЗНМ ќе инсистира на измени на законот во делот на намалување на казните и ќе бараат да нема долна граница, односно казните да бидат од нула денари.
„Ако тоа после го прави, со закон каде што нема долен лимит на казна, тогаш веќе ќе биде јасно дека Агенцијата, наместо како регулатор што практично треба да биде на страна на медиумите, се поставува во позиција на цензор којшто ќе ги казнува и ќе ги дисциплинира оние што не ја поддржуваат власта и на некој начин ќе ги фаворизира оние што ја поддржуваат власта“, вели Селмани.
Притисокот на јавноста мора да е постојан, континуиран и да се зголемува. Само така може да има некаков тип на промени.Жанета Трајкоска, директорка на Високата школа за новинарство и односи со јавноста.