Со овие зборови францускиот претседател Франсоа Оланд ги објасни резултатите од изборите за Европскиот парламент според кои најголем успех постигнаа екстремните партии од левиот и од десниот политички блок.
Францускиот претседател Франсоа Оланд во телевизиското обраќање до нацијата повика Европската унија да го смени фокусот и да ја намали нејзината улога. Според него, Унијата мора повеќе да се фокусира врз економскиот раст и креирањето нови работни места, а не врз штедењето.
До ова следуваше откако неговата Социјалистичка партија ги постигна најслабите резултати на изборите за европарламентот, зад крајно десниот Национален фронт на Марин Ле Пен што властите во Париз, како и дел од аналитичарите го оценија како политички земјотрес.
„Националниот фронт е број еден на изборите за Европскиот парламент? Одѕивот е висок исто така. Тоа е голем успех за нив. Ова е вистински шок како што оцени и самиот француски премиер Мануел Валс“, вели за Радио Слободна Европа Џуди Демпси од Карнеџи Европа.
Таа оценува дека изборниот успех на екстремните партии низ цела Европа е израз на своевидното незадоволство на граѓаните од политичарите во Брисел.
„Јас мислам дека она што ги врзува нив заедно е антиглобализацијата, антиимиграцијата и се она на што тие се против ова огромно федералистичко чудовиште наречено Европска унија. Тие секако играа на оваа карта на антиевропски чувства“, вели таа.
Според Демпси, ваквите резултати не ги загрозуваат основните принципи на Европската унија, како трудот, капиталот и демократијата, но може да претставуваат своевидна пречка во работењето на Унијата.
„Она што се менува е тонот и како Европа се перцепира во светот и како присуството на овие екстремни партии во европарламентот ќе се одрази врз надворешната политика како проширувањето, ставот спрема Русија, односите со Турција“, вели Демпси.
Таа додава дека овие партии можеби немаат доволен број пратеници во Европскиот парламент за да имаат поголемо влијание врз надворешната политика на Унијата, но оти можат да бидат, како што вели, неверојатно непријатни.
„Тие имаат многу гласачи во Франција, во Британија и во други земји и затоа тие ќе прават многу врева. Но, на главните партии е да останат заедно и да застанат против она за што сметаат дека треба да се борат. И тука не станува збор само за вредности. Станува збор за целиот идентитет на Европската унија“, вели Џуди Демпси, додавајќи дека доколку екстремните партии се здружат без оглед дали е тоа во Европскиот парламент или во парламентите низ Европа, нивното однесување, како што оценува, ќе биде многу лошо за целата идеја за обединета Европа.
Тие имаат многу гласачи во Франција, во Британија и во други земји и затоа тие ќе прават многу врева. Но, на главните партии е да останат заедно и да застанат против она за што сметаат дека треба да се борат. И тука не станува збор само за вредности. Станува збор за целиот идентитет на Европската унија.Џуди Демпси, Карнеџи Европа.