Пожарот кој деновиве го проголта првиот кат од детското ликовно студио во Битола не го одложи 33–то издание на меѓународната ликовна колонија Мал битолски Монмартр.
Малиот битолски Монмартр, интернационалниот културен бренд на Битола, се издигна и врз пепелиштето. Пожарот кој деновиве го проголта првиот кат од детското ликовно студио во Битола, кое беше збиралиште на младите ликовни творци, не го одложи 33–то издание на меѓународната ликовна колонија. Околу седумдесет деца од Хонг Конг, Индија, Словачка и други странски држави се пристигнати во Битола и создаваат нови цртежи во кои е преточена градската архитектура.
„Нас ни е многу жал за ова тажно случување. Цела година се подготвувавме со голема возбуда за гостувањето во Битола. Веста за пожарот не затекна пред да тргнеме на пат. Но, се одлучивме да дојдеме и да помогнеме со цртежите да се одржи колонијата“, вели Теџи Макар, учесничка од Индија на „Монмартр“.
Идејниот татко на манифестацијата, Коста Хаџиантоновски во 80-та година од животот е подготвен да ја преброди несреќата што им се случи и да ја одржи во живот интернационалната манифестација.
„Во центарот на старата чаршија галеријата е празна, неосветлена, но сепак е празник за сите млади творци од светот кои допатуваа“, изјави Хаџиантоновски.
За среќа, пожарот не го зафати ликовниот материјал, па децата имаат со што да творат. Општина Битола најави дека ќе помогне да се среди студиото и покрај несогласувањата што постоеја изминатите години меѓу нив и Монмартр околу помошта за одржување на манифестацијата.
„Ние стоиме на располагање максимално да помогнеме за санација на овој овој објект. Тој е во срцето на старата чаршија и манифестацијата е исклучително значајна. Стоиме на располагање да помогнеме и за време на манифестацијата, бидејќи претпоставувам дека ќе произлезат непредвидени проблеми заради настанатата ситуација“, изјави градоначалникот Владимир Талески.
Хаџиантоновски со одговор:
„Молам додека не заврши манифестацијата и свеченото затворање на платото на Монмартр каде ќе се развие едно македонско оро од учесниците од целиот свет, по тоа можеме да зборуваме за какви решенија ќе се направат.“
Пожарот избувна деновиве во објектот кој беше седиште на колонијата заради старата електрична инсталација. Досега во Монмартр научиле да цртаат илјадници деца. Студиото располагаше со над 700 илјади детски цртежи од целиот свет, богатство со какво што можат да се пофалат само најпознатите светски галерии како што се оние во Лувр во Париз, Ермитаж во Санк Петерсбург и други. Подготвиени беа три изложби за Гинис, а гостувале во Стокхолм, Букурешт и на трите олимпијади во Сиднеј, Атина и Пекинг.
Веста за пожарот не затекна пред да тргнеме на пат. Но, се одлучивме да дојдеме и да помогнеме со цртежите да се одржи колонијата.Теџи Макар, учесничка од Индија на „Монмартр“.
„Нас ни е многу жал за ова тажно случување. Цела година се подготвувавме со голема возбуда за гостувањето во Битола. Веста за пожарот не затекна пред да тргнеме на пат. Но, се одлучивме да дојдеме и да помогнеме со цртежите да се одржи колонијата“, вели Теџи Макар, учесничка од Индија на „Монмартр“.
Идејниот татко на манифестацијата, Коста Хаџиантоновски во 80-та година од животот е подготвен да ја преброди несреќата што им се случи и да ја одржи во живот интернационалната манифестација.
Во центарот на старата чаршија галеријата е празна, неосветлена, но сепак е празник за сите млади творци од светот кои допатуваа.Коста Хаџиантоновски, основач на „Монмартар“.