„ЧК, ЧК, ЧК“, една од највозбудливите пројави на американската независна сцена, нивните сонародници Д СОФТ МУН, култниот српски состав ДИСЦИПЛИНА КИЧМЕ, словенечките ТРУС и КЛЕЕМЕР и домашниот ФОНИЈА, се учесниците на четвртото издание на Фестивалот за нова музика „Здраво млади“, што ќе се одржи овој петок, на 23 мај, пред Младинскиот културен центар. Станува збор за случување кое од заумна идеја израснува во традиција чија цел е да го крепи духот на урбано Скопје.
Урбано Скопје оваа петочна ноќ нема да и се предадена на вообичаената летаргија. На градот ќе му се случи четвртото издание на Фестивалот за нова музика „Здраво млади“, кој полека но трпеливо израснува во субкултурен настан со сопствен идентитет и моќ да едуцира и возбуди.
Впрочем и не треба да биде поинаку, кога на програмата како перјаници ќе ги имате американците ЧК,ЧК, ЧК – дефинитивно едно од највозбудливите имиња на светската независна сцена, нивните сонародници – Д СОФТ МУН, Која и неговите ДИСЦИПЛИНА КИЧМЕ, словенечките ТРУС и КЛЕЕМЕР и нашите ФОНИЈА и ЕКВИНОКС ( победници на натпреварот на средношколските бендови што се случи во пресрет на Фестивалот).
Згора на тоа, нивната жанровски шаренолика звучна понуда ќе биде збогатена со ефектите на ви-џеите Александра Хуерта од Холандија и Вајлдбит, односно Темел Хусеин Куру од Турција.
Формиран врз темелите на неколку локални бенда во Сакраменто, Калифорнија во 1996 година, ЧК,ЧК,ЧК донесува идеален спој на диско-фанкот со ангажираниот звук. Името го добил според титловите од филмот „И боговите паднаа на теме“ каде говорот на бушманите бил означуван со интерпукциски знак (!) , а во составот членуваат: Ник Офер (вокал), Марио Андреони (гитара), Дан Хорман и Ален Вилсон ( перкусии, клавијатури и хорни) и Тајлер Поуп (бас и електроника). Тие зад себе имаат четиринаесеттина објави од кои посебно за издвојување се дебитанскиот со името на бендот кој се појави во 2000 година, потем разбивачкиот „Myth Takes“ од 2007 и конечно одличниот „Thr!!!er “ од април 2013-та кој беше, меѓу другото, прогласен и за албум на годината на Канал 103.
Д СОФТ МУН, пак, се нео-пост-панк бенд од Оукленд кој создава музички спектар комбинирајќи повеќе жанрови како краут-рок, психоделија, дарк-вејв и светска музика. Интересно е и тоа што нивните сценски настапи се одликуваат со необични визуелни ефекти.
Од друга страна, Душан Којиќ Која и неговата пост-панк-фанк постава ДИСЦИПЛИНА КИЧМЕ безмалку три децении уживаат култен статус во регионални рамки и секој нивни исчекор се следи со нагласено внимание. Овојпат тие во Скопје доаѓаат со песните од објавите како „Само дисциплина“ и „Зависник од моќта“ и со идеја да го промовираат новиот звук на бендот збогатен со усната хармоника на Игор Дјеке.
Со посебна возбуда се очекуваат и настапите на ТРУС, новото откритие на словенечката музичка сцена, чија деби објава „Прв чекор“ љубљански Радио „Штудент“ ја прогласи за албум на годината, и се разбира на Матеј Кончен или КЛЕЕМАР, кој важи за една од најзначајните тамошни нови пројави и кој на вешт начин ги комбинира суптилната меланхолија со електрониката така градејќи сонливи звучни пејсажи.
Конечно, не помалку се очекувањата и од домашните панк-рок херои ФОНИЈА. Дени Крстев ( вокал и гитара), Стефан Ристовски (бас) и Кристијан Лафазановски (тапани) имаат зад себе четири албумски изданија и енергија и пораки кои заведуваат особено внимание од сите оние кои веруваат во моќта на промени во времево во кое живееме.
„Четврта година како фестивалот расте во позитивна насока. Расте во рамки во кои дури и не предвидувавме кога започна бидејќи се работи за една независна музичка сцена. Меѓутоа Скопје го препознава „Здраво млади“ како свој, го препознава како фестивал на добра музика и самата градација води кон тоа ние како организатори и МКЦ како институција што застана зад него да бидеме презадоволни“, истакнува Филип Николовски.
Тој, во име на организаторот, нагласува дека годинава фестивалската бина ќе биде поставена на коцката кај „ Кеј Димитар Влахов“ при што ги охрабрува посетителите да дојдат пеш или со јавен превоз, а она што е неопходно да понесат со себе е само добро расположение, насмевка на лицата и отворени срца и уши за добра музика.
Четврта година како фестивалот расте во позитивна насока. Расте во рамки во кои дури и не предвидувавме кога започна бидејќи се работи за една независна музичка сцена. Меѓутоа Скопје го препознава „Здраво млади“ како свој, го препознава како фестивал на добра музика и самата градација води кон тоа ние како организатори и МКЦ како институција што застана зад него да бидеме презадоволни.Филип Николовски, МКЦ.