Дали полицијата ја губи битката со гневот на граѓаните?

И покрај полициската реакција дека протестите поминале без поголеми инциденти и нарушување на јавниот ред и мир, очевидците и експертите се едногласни дека настаните беа драматични и во наши услови крајно опасни.
Полицијата постапува според претходно собрани оперативни сознанија за можни собири и опасност од инциденти, но вчера се случија и демолирања и палења по улиците на Ѓорче Петров, констатираат експертите.
Ситуацијата не беше така лесна, беше многу драматична, имаше ескалација на нарушување на јавен ред и мир во поголем обем. Е, за мене тоа не претставува без инцидент, без, колку што прочитавме на порталите дека преку 50 лица се повредени, тоа не е без инцидент, значи тоа се сериозни инциденти.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.

Дали нереагирањето на моментот е прашање на слаба организираност или на проценка дека тоа може да предизвика уште посилни контрареакции, треба да одговорат старешините од теренот, посочува професорот Владимир Пивоваров. Согласно законот за полицијата и законот за внатрешни работи задача на полицијата е да ги штити граѓаните но и нивните имоти, додава Пивоваров.

Денеска не успеавме да добиеме образложение од министерството за внатрешни работи на чекорите кои ги презела или не вчера полицијата на теренот.

Според аналитичарот Арсим Синани, полицијата вчера ја изгубила битката со гневот на граѓаните. И покрај полициската реакција дека протестите поминале без поголеми инциденти и нарушување на јавниот ред и мир, експертите се едногласни дека настаните беа драматични и во наши услови крајно опасни.

„Меѓутоа, пресериозно беше вчера во Ѓорче Петров. И од она што го добивавме преку портали бидејќи само од нив можевме да слушнеме што се случува во наслебата. Ситуацијата не беше така лесна, беше многу драматична, имаше ескалација на нарушување на јавен ред и мир во поголем обем. Е, за мене тоа не претставува без инцидент, без, колку што прочитавме на порталите дека преку 50 лица се повредени, тоа не е без инцидент, значи тоа се сериозни инциденти“, вели Владимир Пивоваров.


Дали полицијата само ја смирува ситуацијата со изјавите што ги дава во јавноста или станува збор за сериозност која не е доволно сфатена во севкупната опасност на најавите на самите демонстранти кои се обидуваа да се упатат и кон други правци во градот, останува да се види.

„Требаше и полицијата да се воспостави, мислам дека тие не се воспоставија добро во Ѓорче Петров или мислеа дека ја контролираат ситуацијата, еве излезе некако дека не ја контролираат ситуацијата“, изјави Синани.

Едно од клучните прашања кои ги поставува Пивоваров до полицијата и е зошто во Македонија се случуваат се повеќе вака брутални убиства. Тие пак секогаш можат да бидат предизвикувачи на меѓуетнички тензии и такви случаи до сега имавме повеќе како што се случајот монструм, судирите во автобуси и тн. Политичките партии треба да бидат поприсутни меѓу луѓето и само тие можат да делуваат кон смирување на тензиите, посочуваат експертите.