Проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието се спроведува во сите основни училишта, но како дел од воннаставните активности, вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција во разговор за Радио Слободна Европа.
Господине Димовски, до каде е со реализација проектот Меѓуетничка интеграција во образованието и дали според вас ги постигнува зацртаните цели?
Проектот Меѓуетничка интеграција е на американската агенција УСАИД. Го реализираат повеќе невладини организации во Македонија. Носител на тој проект е Македонскиот центар за граѓанско образование, а како партнери се појавуваат и други невладини организации, но и сите основни училишта во Република Македонија. Започна минатата учебна година, веќе втора година се реализира. Во овој момент во дел од проектните активности течат обуките на тимовите за меѓуетничка интеграција во 50-тина училишта. Исто така во овој момент течат активностите од онаа компонента на забавни спортски игри за учениците од основите училишта. Се работи за ученици од нижите одделенија, односно 4 и 5 одделение со вклучување на неколку од повисоките одделенија.
Дали на некој начин ова претставува една, како да речам, компензација за неподготвениот терен за реализација на проектот за интегрирано образование со кој претходно се обиде УСАИД во соработка со владата?
Па да, јас мислам дека е точно таквата замена за интегрираното образование. Ќе кажам неколку зборови за интегрираното образование. Имаше големи предиспозиции интегрираното образование да успее во Република Македонија, но тука беше грешката на владата со тоа што Министерството за образование донесе одлука во тие моменти за изучување на албанскиот јазик од прво одделение која не профункционира, не виде бел ден. Овој проект што подоцна го спроведе УСАИД е некоја замена каде што се одеше во почетокот со пилот училишта, па потоа се опфатија сè повеќе училишта и во моментов се опфаќаат сите основни училишта и се спроведува како дел од воннаставните активности што е многу подобро за успех на еден таков проект. Доколку и проектот за интегрирано образование беше спроведен во почетокот како пилот проект со воннаставни активности многу лесно ќе влезеше и во делот на редовната настава. Овој проект јас сметам дека има голем успех. Се реализира во моментов. Заинтересираноста на наставниот кадар и на учениците е доста голема за учество во овој проект што е еден пат за поголем успех. Во училиштата е една убава глетка да се види како децата од сите етнички заедници заеднички работат, заеднички комуницираат на сите јазици, се дружат што е многу битно, а што е претставува еден голем предуслов за понатамошно нивно заедничко дружење и понатамошно изучување на сите јазици, точно и во образованието.
Колку политиката делува во обратна насока?
Политиката има замешано прсти насекаде во образованието. Ваквите активности политиката не може да ги контролира. Потешко е да работите со учениците од да речеме вишите одделенија, седмо, осмо одделение, па и средношколците, таму е веќе длабоко навлезена политиката, но кога се работи со учениците од мали нозе, од прво па до петто одделение, тука веќе политиката, колку и да сака да се меша, е многу, многу немоќна.