Тоа што етничките заедници во македонското мултиетничко општество сè помалку се разбираат меѓусебе е резултат на политичките влијанија, а не на предрасуди, сметаат упатените кој го делат впечатокот дека многу малку Македонци го знаат албанскиот јазик, а младите Албанци пак се помалку разбираат македонски.
„Имавме многу млади Албанци кои го зборуваа македонскиот јазик. Во денешно време се помалку и помалку имаме млади Албанци кои го зборуваат македонскиот јазик. Не е тоа некој отпор кон јазикот, тоа е повеќе од политичка природа, од она што го донесе 2001 година и од кое не можеме да ги залечиме раните се уште“, вели Владо Димовски од Меѓународниот центар за меѓуетничка толеранција
Употребата албанскиот јазик во земјава останува спорна за претставниците на албанските политички партии, но и за албанската интелектуална јавност.
Политичкиот аналитичар и поранешен пратеник Насер Зибери вели дека од правен аспект спорни се многу делови од законите кои го регулираат прашањето за употреба на јазиците.
„Самиот амандман 5 од Уставот на Република Македонија е многу рестриктивен од однос на употребата на албанскиот јазик, тој го ограничува полето на употребата на јазикот со тие пет точки, како области кои ги дефинира каде може да се употреби албанскиот јазик“, вели Зибери.
Димовски, кој е наставник во мешаното основно училиште „Алија Авдовиќ“ во село Батинци вели дека на работното место меѓуетничката толеранција е на солидно ниво. Сепак смета дека и Македонците и Албанците не се подготвени за воведување на задолжително учење на јазикот на другата етничка зедница во училиштата.
„Со акции и со наредби и со закони тешко може да се постигнат такви работи. Она што значи интегрирано образование како проект кој полека, полека треба да се воведува во образованието, со таквите проекти кои се вонвладини, вонпартиски многу повеќе ќе се постигне, отколу со уредби, со закони, со одлуки.“
Учењето на јазикот на другата етничка заедница треба да биде факултативно, се согласува и Зибери.
„Треба да е на доброволна основа и како потреба да го познаваат албанскиот јазик за подобра комуникација и за познавање не само меѓу себе, туку и со културата на Албанците во Македонија.“
Неодамна министерот за одбрана Талат Џафери одлучи да ангажира фирма која ќе им држи курсеви по албански јазик на вработените во министерството и Генерал-штабот.
По предвремените измени во 2011 година, беа направени измени на законот за јазици со кој се унапреди употребата на албанскиот јазик во земјата, но постојат различни толкувања на законот од страна на македонските и албанските политички субјекти. Албанските партии сметаат дека по уставните измени од 2011 година, албанскиот јазик треба да се користи на сите можни нивоа, на владини седници и во сите органи на државната управа, вклучително и во полицијата и одбраната во кои засега командите смеат да се издаваат само на македонски. Со измените целосна употреба на албанскиот јазик беше дозволена во Собранието.
Во денешно време се помалку и помалку имаме млади Албанци кои го зборуваат македонскиот јазик. Не е тоа некој отпор кон јазикот, тоа е повеќе од политичка природа.Владо Димовски, Меѓународен центар за меѓуетничка толеранција.
„Имавме многу млади Албанци кои го зборуваа македонскиот јазик. Во денешно време се помалку и помалку имаме млади Албанци кои го зборуваат македонскиот јазик. Не е тоа некој отпор кон јазикот, тоа е повеќе од политичка природа, од она што го донесе 2001 година и од кое не можеме да ги залечиме раните се уште“, вели Владо Димовски од Меѓународниот центар за меѓуетничка толеранција
Употребата албанскиот јазик во земјава останува спорна за претставниците на албанските политички партии, но и за албанската интелектуална јавност.
Политичкиот аналитичар и поранешен пратеник Насер Зибери вели дека од правен аспект спорни се многу делови од законите кои го регулираат прашањето за употреба на јазиците.
Самиот амандман 5 од Уставот на Република Македонија е многу рестриктивен од однос на употребата на албанскиот јазик.Насер Зибери, политички аналитичар и поранешен пратеник.