ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, и покрај острата предизборна реторика, глатко преговараат за владина коалиција. Опозицијата останува надвор од парламентот, но со нејасен концепт што понатаму.
Се одржаа уште едни предвремени избори во кои кулминираше политичката режија на која од порано ѝ се приклонија владините партнери како на посигурна карта за успех. Оттаму и постизборието ни малку не наликува на предизборниот период особено кога станува збор за односите во коалицијата на власт која во моментов мирно ги распоредува своите интереси по ресори. На другата страна опозицијата продолжува да делува збунето дури и во сопствениот концепт сè уште нецелосно јасен за граѓаните, кои, иако мирно, не гласаа слободно, речиси едногласно согледаа меѓународните претставници. Се очекуваат многу одговори како во поглед на домашниот изглед на демократијата така и во поглед на меѓународната перспектива на земјава.
Во стилот на нескриени пазарења и медиумски спинувања, двете партии кои ја формираат коалиционата влада поприлично мазно преговараат. Повторно само од медиумите засега можат да се слушнат калкулации со министерските но и други позиции, но барем наизглед ни оддалеку не се насетуваат напнатоста и недоразбирањата од периодот на предизборната кампања со силните пораки во стилот да не зависиме еден од друг или условувањата при барањето на ДУИ за консензуален претседател, а по изборите и за претседател на Собранието со чие одбивање оваа партија лесно се помири па тоа не помрдна ништо толку бурно како што делуваше.
„Преговорите ќе бидат тешки, несфатливи и таинствени за јавноста, а за ДУИ и за ВМРО-ДПМНЕ имам чувство дека тие работи се изгладени и ќе ги обелоденуваат како и кога им одговара, кога ќе биде времето најпогодно“, вели аналитичарот Алајдин Демири.
ДУИ повторно евроинтеграциите ги наметнува како смисла на нивното владино постоење. Ахмети рече дека тоа ќе биде единствената и крајна цел на нивното коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, што според првичните коментари на аналитичарите, не е ништо повеќе од лажна надеж или само обичен изговор пред своето гласачко тело од кој ни самите не очекуваат ништо реално да се оствари. Сепак, велат дека нивниот коалициски партнер се обврзал преку заедничкото соопштение и дека тоа потврдува дека ова прашање е апсолутен програмски приоритет на владината коалиција.
„Јас верувам дека кога човек ќе се обврзе, дури и со пишано соопштение, дека после тоа е апсолутен програмски приоритет на секоја политичка партија, не само на ВМРО-ДПМНЕ или на ДУИ. Јас очекувам дека сите општествени капацитети на Република Македонија, што значи политички партии, влада, Собрание, граѓанско општество, медиуми, академска заедница, сите заедно да ги фокусираме нашите напори за евроатлантската интеграција затоа што сега е времето тоа да го реализираме. За храбри чекори треба храбри политичари и храбра заедница. Ако сите сме заедно сметам дека може да го постигнеме тоа“, изјави Артан Груби од ДУИ.
Никој повеќе не може да верува ниту во најавата дека доколку се отстапи од оваа агенда во септември, коалицијата ќе се преиспитува. Бизнисите и фотелјите, а не ЕУ агендата се клучни во преговорите, коментираат аналитичарите. Ахмети едноставно се преправа, вели Демири. И тоа почна како што вели со организирањето на изборите во одбран тајминг, аранжирано по сопствена мерка, а коалициските кризи фабрикувани се со цел да се дојде до најголем можен број гласови. До кога така?
Двата коалициони партнери кои повторно преговараат за нова влада добија остри критики од меѓународните претставници за создадениот амбиент во кој се одржаа изборите. Неодвоеноста на партијата од државата, лошата состојба во медиумите, нарушени човекови права меѓу кои избирачкото не одат во прилог на подобрување на евроинтегративните услови. Забелешките на ОБСЕ/ОДИХР треба да се гледаат од перспектива на препораки како да се врати довербата во системот и во функционирањето на парламентарната демократија преку владеење на правото, посочи амбасадорката на Кралството Холандија во Скопје, Мариет Схурман. Треба да се осигураме дека Македонија нема да падне под основните критериуми за продолжување на ЕУ интеграциите, посочи Схурман во интервју за Радио Слободна Европа.
„Не можеме да дозволиме Македонија да е под основните критериуми за човековите права и слободи, да гарантира функционирање на институциите кои ги гарантираат човековите права, демократија, владеење на правото, заштита на малцинствата. Тоа се основните обврски и колективна одговорност на сите во оваа држава Македонија да не се спушти под овие критериуми“, рече амбасадорката Схурман.
Тоа што експертите очекуваат да се случи многу скоро по конституирањето на Владата е меѓународната заедница да почне да врши засилен притисок врз нејзините надлежни институции и челниците за исполнување на клучните критериуми.
„Ако погледнеме како функционира сè во меѓународната заедница, повеќе би рекол дека очекувам тие да вршат притисок врз власта да ги исполнува условите и критериумите, пред сè за европските интеграции. Наскоро можеби ќе нè очекува повторно новиот дијалог на високо ниво итн., да се исполнуваат обврските од поглавјата за членство, а тука се разбира и демократијата, слободата на медиумите и изразувањето, гласањето и сè друго“, вели универзитетскиот професор Никола Дујоски.
Надежите на дел од аналитичарите и можната спасоносна варијанта за која ќе се држи власта во наредниот период е самитот на НАТО во септември каде што некои очекуваат дека може да се изнајде формула и за влез на Македонија.
„Јас сум прилично позитивен дека во септември може да се случи нешто позитивно. Не зашто ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле, туку просто затоа што е можно да се изнајде формула која е прифатлива. Не име, туку формула, начин кој е прифатлив за таа фаза да се надмине“, посочува аналитичарот Алберт Муслиу.
Еве од каде Артан Груби од ДУИ ги црпи очекувањата за напредок во ЕУ и НАТО интеграциите.
„Постои расположение и кај владата и кај коалиционите партнери за надминување на сите недоследности што се увидени во извештаите на меѓународните организации и во партнерство со нив и со земјите членки на ЕУ, ОБСЕ, САД, ќе се надминат сите недоследности, но клучно е постигнувањето на напредок во добрососедските односи, сето друго е многу полесно изводливо“, вели Груби.
Но, компромиси ќе мора да има, категоричен е Муслиу. Од македонските власти пред сè ќе се бараат конкретни потези како доказ за интегративната посветеност и тоа според него и не е толку неостварливо, но се чини ќе биде задолжително.
„Со една одлука на законодавниот дом дека јавниот сервис не може да дава реклами за пари и дека владата не смее да финансира приватни медиуми, делот со медиумската застапеност 80 отсто се средува. Има методи, пописот, слобода на говор, менување закони, значи има работи што може да се средат“, додава Муслиу.
Од друга страна, доаѓа времето на стварната криза и таа ни тропа на сите страни, се на мислење дел од аналитичарите.
„Колку сака Груевски и Ахмети нека кажуваат дека тоа е само партиска работа на СДСМ, фактот што една цела опозиција не е во парламентот е сериозен проблем на оваа власт. Друго е проблемот како ќе го докажат тоа. Јас мислам дека СДСМ ќе најде капацитет да ги докаже своите барања како легитимни, како праведни во смисла на изборите и изборните резултати и во смисла на коруптивните афери“, посочува Демири.
За дел од аналитичарите, пак, отсуството на опозицијата од парламентот најавува мирен период на штета на демократијата во државата.
„Формално мислам дека опозицијата во парламентот воопшто нема да недостига, туку ќе имаме извонредна соработка, особено затоа што замислете, ние скоро и нема да имаме опозиција. И ДПА ќе ја поддржи владата, и ДПА гласаше нели и за претседателот на Собранието, тука беше и за инаугурацијата на претседателот. Значи сега всушност коалицијата ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, меѓутоа нема да имаат опозиција во парламентот и од тој аспект верувам дека ќе имаме многу мирен период, но тоа воопшто не е добро за развојот на државата и за демократијата“, посочува професор Никола Дујоски.
Колку и да постојат јавни тенденции да се прикаже дека не се случува ништо сериозно, кај власта е видливо дека постои неспокојство поради сегашните и наредните потези на опозицијата, но и на меѓународната заедница, и тие со тоа ќе мора да се позабават, посочуваат аналитичарите. Наредните потези на опозицијата се сè уште неизвесни и нејасни. Се чини беа луксуз за неа превирањата и поделбите кои продолжија во нејзините редови и по изборите, а завршија со потврдената доверба за актуелното раководство и сега јавноста е заинтересирана да го чуе нивниот концепт по кој би ја продолжиле битката за менување на политичките состојби во државата. Од оваа партија рекоа дека имаат концепт кој треба најпрвин да помине пред највисоките органи и тела на партијата. По партискиот конгрес, лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека целта е одржување на демократски и фер избори на кои е сигурен дека ќе победи опозицијата. По кој пат ќе проба опозицијата да стаса до фер и демократски амбиент за такво нешто сè уште е нејасно. Дел од аналитичарите се на мислење дека таа треба да продолжи со делегитимацијата на власта која ја започна во предизборниот период.
Враќање назад од досегашните потези на непризнавање на регуларноста на изборите и враќање на мандатите нема и не смее да има, велат тие, зашто каква и да е недоследност во потезите би се одразила крајно негативно врз гласачите. Дали има услови власта да ја прифати веќе спомената идеја за техничка влада, повеќето се скептични.
„Јас сум прилично сигурен дека има веќе брејнсторминг меѓу двете страни, а и меѓу олеснувачите што би можело опозицијата да извлече како разумен компромис, што би рекол претседателот, за да може да се вратат во институциите и да имаат легитимна причина за тоа. Дали, еве јас сум слушнал идеја, забрана на финансирање на програми од владата во приватните медиуми, дали избирачкиот список, пописот, значи нешто што тие би можеле пред нивното членство да го образложат како гаранција дека иако не е техничка влада, ќе имаме фер и демократски избори“, изјави Муслиу.
Бојкотот ќе ѝ помогне на опозицијата да го зголеми рејтингот, а власта, посочува Демири, ќе ѝ помогне на опозицијата бојкотот да ѝ успее. Од друга страна, сеедно е, како што вели, дали техничка или оваа влада би ги организирала следните избори во ваква атмосфера во која сè уште не постојат услови за одржување фер и демократски избори без ажуриран избирачки список и без одржан попис.
„Уличната демократија ќе ги притисне и власта и опозицијата сепак да влезат на некакви избори кои во секој случај би биле малку покоректни и подемократски од овие“, вели Демири.
Демократските процеси ќе назадуваат, едногласни се аналитичарите. Не е возможно да се постигне напредок без волја за тоа. Од политичкиот дијалог како средство за постигнување на заедничките цели одамна се откажаа сите. Последните пораки од меѓународната заедница бараат од сите релевантни фактори во земјава вклучувајќи ги и власта и опозицијата и медиумите и невладиниот сектор да ја прифатат одговорноста за заедничките цели и да ги дефинираат стратешките интереси. За аналитичарите истовремено е и јасно дека тоа со политички дијалог и покрај сите очекувања во наши услови е невозможно да оствари. Нивните впечатоци се дека меѓународната заедница е веќе уморна тоа да го бара во земјава.
„Затоа што колку и да инсистира, дијалогот е невозможен, а тоа е затоа што концептот на власта и на партиите во Македонија не е дијалог туку уништување. власта секогаш тежнее да ја уништи опозицијата и обратно и во таква состојба тешко може да се води дијалог“, вели Демири.
На страната на владината коалиција можеби единствениот излез е да се посвети на економијата, зашто таа не покажува сигнали дека ќе се занимава со правни политички или социјални прашања, посочува професор Дујоски.
„Вистински предизвик на којшто оваа коалиција треба да посветува внимание е само економијата, други проблеми тие нема да имаат, иако тоа е чудно за политичкиот живот во државата, ама верувајте ми дека во овој момент не препознавам ниту еден знак прашалник за таа коалиција“, вели Дујоски.
И ако едниот дел од развојот на очекуваната политичка криза се бојкотот на опозицијата, уличната демократија, одржување нови предвремени избори преку компромис околу фер услови за тоа, на другата страна, според Демири, кризата може да биде потпалена и на страната на самата владина коалиција преку меѓусебни обвинувања и откривања на коруптивни афери.
Преговорите ќе бидат тешки, несфатливи и таинствени за јавноста, а за ДУИ и за ВМРО-ДПМНЕ имам чувство дека тие работи се изгладени и ќе ги обелоденуваат како и кога им одговара, кога ќе биде времето најпогодно.Алајдин Демири, универзитетски професор.
Во стилот на нескриени пазарења и медиумски спинувања, двете партии кои ја формираат коалиционата влада поприлично мазно преговараат. Повторно само од медиумите засега можат да се слушнат калкулации со министерските но и други позиции, но барем наизглед ни оддалеку не се насетуваат напнатоста и недоразбирањата од периодот на предизборната кампања со силните пораки во стилот да не зависиме еден од друг или условувањата при барањето на ДУИ за консензуален претседател, а по изборите и за претседател на Собранието со чие одбивање оваа партија лесно се помири па тоа не помрдна ништо толку бурно како што делуваше.
Не можеме да дозволиме Македонија да е под основните критериуми за човековите права и слободи.Мариет Схурман, амбасадорка на Холандија во Македонија.
„Преговорите ќе бидат тешки, несфатливи и таинствени за јавноста, а за ДУИ и за ВМРО-ДПМНЕ имам чувство дека тие работи се изгладени и ќе ги обелоденуваат како и кога им одговара, кога ќе биде времето најпогодно“, вели аналитичарот Алајдин Демири.
ДУИ повторно евроинтеграциите ги наметнува како смисла на нивното владино постоење. Ахмети рече дека тоа ќе биде единствената и крајна цел на нивното коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, што според првичните коментари на аналитичарите, не е ништо повеќе од лажна надеж или само обичен изговор пред своето гласачко тело од кој ни самите не очекуваат ништо реално да се оствари. Сепак, велат дека нивниот коалициски партнер се обврзал преку заедничкото соопштение и дека тоа потврдува дека ова прашање е апсолутен програмски приоритет на владината коалиција.
Јас сум прилично позитивен дека во септември може да се случи нешто позитивно. Не зашто ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле, туку просто затоа што е можно да се изнајде формула која е прифатлива. Не име, туку формула, начин кој е прифатлив за таа фаза да се надмине.Алберт Муслиу, аналитичар.
„Јас верувам дека кога човек ќе се обврзе, дури и со пишано соопштение, дека после тоа е апсолутен програмски приоритет на секоја политичка партија, не само на ВМРО-ДПМНЕ или на ДУИ. Јас очекувам дека сите општествени капацитети на Република Македонија, што значи политички партии, влада, Собрание, граѓанско општество, медиуми, академска заедница, сите заедно да ги фокусираме нашите напори за евроатлантската интеграција затоа што сега е времето тоа да го реализираме. За храбри чекори треба храбри политичари и храбра заедница. Ако сите сме заедно сметам дека може да го постигнеме тоа“, изјави Артан Груби од ДУИ.
Никој повеќе не може да верува ниту во најавата дека доколку се отстапи од оваа агенда во септември, коалицијата ќе се преиспитува. Бизнисите и фотелјите, а не ЕУ агендата се клучни во преговорите, коментираат аналитичарите. Ахмети едноставно се преправа, вели Демири. И тоа почна како што вели со организирањето на изборите во одбран тајминг, аранжирано по сопствена мерка, а коалициските кризи фабрикувани се со цел да се дојде до најголем можен број гласови. До кога така?
Постои расположение и кај владата и кај коалиционите партнери за надминување на сите недоследности што се увидени во извештаите на меѓународните организации.Артан Груби, ДУИ.
Двата коалициони партнери кои повторно преговараат за нова влада добија остри критики од меѓународните претставници за создадениот амбиент во кој се одржаа изборите. Неодвоеноста на партијата од државата, лошата состојба во медиумите, нарушени човекови права меѓу кои избирачкото не одат во прилог на подобрување на евроинтегративните услови. Забелешките на ОБСЕ/ОДИХР треба да се гледаат од перспектива на препораки како да се врати довербата во системот и во функционирањето на парламентарната демократија преку владеење на правото, посочи амбасадорката на Кралството Холандија во Скопје, Мариет Схурман. Треба да се осигураме дека Македонија нема да падне под основните критериуми за продолжување на ЕУ интеграциите, посочи Схурман во интервју за Радио Слободна Европа.
Коалицијата ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, меѓутоа нема да имаат опозиција во парламентот и од тој аспект верувам дека ќе имаме многу мирен период, но тоа воопшто не е добро за развојот на државата и за демократијата.Никола Дујоски, универзитетски професор.