Прашањето за финансирањето на изборната кампања е дежурно пред и после секој избирачки циклус. Проблемот е сериозен, а за него се молчи од страна на најповиканите.
Засега до Антикорупциската комисија, само ДПА и ГРОМ доставиле финални финансиски извештаи за изборната кампања. Дваесеттина дена по завршувањето на претседателските и предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште ги немаат поднесено финалните извештаи.
Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски, вели дека постојат повеќе санкции кој законот ги предвидува за неподнесување на финансиски извештаи и незаконско финансирање на изборната кампања.
„Една од санкциите е прекршочна одговорност за организаторот на кампањата и се движи од 4.000 до 5.000 евра. Најсериозна санкција која е регулирана во изборниот законик е затворска казна од најмалку 5 години“, изјави Малиновски.
Неодамна невладината организација Транспаренси Интернешанал Македонија поднесе кривични пријави против ВМР0-ДПМНЕ и ДУИ поради незаконито финансирање на изборната кампања. Организацијата обезбедила докази дека ВМРО-ДПМНЕ дел од плаќањата за кампањата ги вршеле во кеш, а против ДУИ пак поднеле кривична пријава за злоупотреба на средства на локалните самоуправи и јавните претпријатија за партиски цели.
„Се уште немаме никаква реакција, ниту пак повратна информација за тоа, еве барем да ни кажат го примивме вашето известување, ќе постапиме, ние значи немаме никаква информација“, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешанал.
Од досегашните поднесени извештаи забележителен е минусот на владејачката партија од 280 илјади за претседателските избори и плусот од околу осум илјади евра кај најголемата опозициска партија. Не е првпат владејачката партија да има минусно салдо на сметката, и затоа е важно понатаму да се следи како плаќањето се спроведува и како, вели Тасева.
„Дали тие долгови ќе се надоместат, ќе се платат, дали тие дупки ќе се покриваат, или пак од тоа понатаму ќе се извлекува некаков должничко-доверителски однос, односно тука е и основата за корупцијата“, вели Тасева.
Прашањето за финансирањето на изборната кампања е дежурно пред и после секој избирачки циклус. Проблемот е сериозен, а за него неосновано се молчи од страна на најповиканите, Државниот завод за ревизија, Јавниот обвинител и други, посочува Малиновски.
„Ако вие имате една нетранспарентност во финансирањето на политичките партии особено на изборните кампањи, сомнежот е присутен и недозволиво е за оваа прашање да се разговара само вака медиумски.“
Најголем проблем за ова е фактот сека Институциите се под контрола на политиката и партиите и тие не постапуваат според законите. Нефункционирањето на системот доведува до оа да не се преземаат мерки и никој за тоа да не биде санкциониран, што води кон постојано повторување на истото однесување во време на избори, заклучуваат Малиновски и Тасева.
Од досегашните објавени податоци во првите десет дена од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, најмногу пари потрошиле ВМРО ДПМНЕ И ДУИ, најголемиот дел од нив биле потрошени за реклами и пропаганда.
Ако вие имате една нетранспарентност во финансирањето на политичките партии особено на изборните кампањи, сомнежот е присутен и недозволиво е за оваа прашање да се разговара само вака медиумски.Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.
Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски, вели дека постојат повеќе санкции кој законот ги предвидува за неподнесување на финансиски извештаи и незаконско финансирање на изборната кампања.
„Една од санкциите е прекршочна одговорност за организаторот на кампањата и се движи од 4.000 до 5.000 евра. Најсериозна санкција која е регулирана во изборниот законик е затворска казна од најмалку 5 години“, изјави Малиновски.
Неодамна невладината организација Транспаренси Интернешанал Македонија поднесе кривични пријави против ВМР0-ДПМНЕ и ДУИ поради незаконито финансирање на изборната кампања. Организацијата обезбедила докази дека ВМРО-ДПМНЕ дел од плаќањата за кампањата ги вршеле во кеш, а против ДУИ пак поднеле кривична пријава за злоупотреба на средства на локалните самоуправи и јавните претпријатија за партиски цели.
Дали тие долгови ќе се надоместат, ќе се платат, дали тие дупки ќе се покриваат, или пак од тоа понатаму ќе се извлекува некаков должничко-доверителски однос, односно тука е и основата за корупцијата.Салаѓана Тасева, Транспаренси Интеренешанал - Македонија.