Изборите за европратеници овој месец, по се изгледа ќе резултираат со голем скок на бројот на симпатизерите на Кремљ во Европскиот парламент. Тоа главно поради бранот екстремистички партии и на левата и на десната страна од политичкиот спектар. За многумина главен победник на овие избори ќе биде путиновата Русија.
Гласачите во 28 земји членки на Европската унија од 22 до 25 мај ќе избираат 751 пратеник во Европскиот парламент со мандат во наредните пет години. Анкетите сугерираат дека тие ќе ги казнат сегашните главни партии поради долгите години на штедење, но и како противење на се што се поврзува со елитата во Брисел, од глобализацијата до имиграцијата.
Според последните проекции на Воутвоч Јуроп, екстремните левичарски и десничарски партии би можело да ја дуплираат својата поддршка во споредба со 2009 година и да освојот меѓу една петтина, па и четвртина од местата во европарламентот.
Тоа е добра вест за Москва. Крајно левите сили кои се традиционални поддржувачи на Русија се очекува да добијат уште 16 места, од сегашните 35. Но, најголем скок се очекува кај крајно десните партии, кои би можело да го удвојат нивното присуство во парламентот на повеќе од 100 пратеници.
Овие партии многу не ја поддржуваат Русија, но во секој случај се попријателски настроени спрема Москва од сегашните главни партиски сили во Европа.
Некои ги делат истите ставови со Путин во неговото неодобрување на политиките на Европската унија и на Соединетите држави. Има и такви кои ја поддржуваат неговата цврста рака спрема хомосексулаците, имиграцијата и улогата на државата во економијата.
Иако нема јасен доказ за финансиски врски меѓу Кремљ и европските крајно десничарски партии, познато е дека Москва им се додворува.
Марин Ле Пен, лидерката на Националниот фронт, партија која може да победи во Франција, годинава на два пати престојуваше во Москва при што не штедеше зборови на пофалби за Русија.
Австриската Партија на слободата и унгарскиот Јобик испратија посматрачи на референдумот за припојување на Крим кон Русија, што беше осуден од Европската унија.
Италијанската Северна лига пак, покани руски пратеници во Европскиот парламент за да го презентираат нивниот поглед на настаните во Украина.
Петер Креко, политички аналитичар од Будимпешта кој ги проучува врските меѓу Русија и европската крајна десница смета дека станува збор за брак од интерес.
„Мислам дека тука има некои предности и за двете страни. За Русија, предноста е таа што растечкиот радикален блок во Европа може да биде силно проруски и да ги артикулира интересите на Москва пред поширока јавност. Кај партиите од крајната десница предноста е таа што ќе добијат силен сојузник и пријател.“
Големо прашање е дали тие ќе можат да формираат и политичка група во европарламентот слична на онаа што сега ја имаат пратениците на крајната левица за да имаат поголемо влијание врз политичките процеси. Сепак, дел од експертите не очекуваат тоа и да се случи.
„Како и да е, тие нема да успеат да влијаат во донесувањето одлуки во парламентот и покрај тоа што ќе се зголеми нивното присуство. Од проста причина што мнозинството ќе одбие да работи со нив“, вели Питер Клепе, кој ја следи работата на европарламентот.
Според последните проекции на Воутвоч Јуроп, екстремните левичарски и десничарски партии би можело да ја дуплираат својата поддршка во споредба со 2009 година и да освојот меѓу една петтина, па и четвртина од местата во европарламентот.
Мислам дека тука има некои предности и за двете страни. За Русија, предноста е таа што растечкиот радикален блок во Европа може да биде силно проруски и да ги артикулира интересите на Москва пред поширока јавност.Петар Креко, политички аналитичар.