Руските власти не знаат како да одговорат на настаните во источна Украина. Украинските сили продолжуваат со офанзивата во источниот дел на земјата. Во меѓувреме се ослободени набљудувачите на ОБСЕ кои беа заробени од про-руски активисти во Славјанск.
Кремљ соопшти дека Владата во Киев и нејзините западни поддржувачи се одговорни за жртвите во Одеса. Руските власти признаа дека не знаат како да одговорат на ваквиот развој на настаните во источна Украина.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изрази длабоко сочувство за жртвите и семејствата на загинатите во вчерашните насилства во Одеса.
Повеќе од 30 лица, многумина од нив про-руски активисти, загинаа во пожар во јужниот пристанишен град. Палењето на синдикалната зграда беше кулминација на претходните насилства меѓу про-руските групи и поддржувачите на власта во Киев.
Песков, исто така, рече дека Москва „веќе нема влијание врз луѓето кои зборуваат на руски јазик во источна Украина“.
Портпаролот на Путин вели дека Москва не знае како да одговори на растечкото насилство и жали што Западот одобри казнени операции.
Тој, исто така ја отфрли идејата дека претседателски избори може да се одржат подоцна овој месец. Таа идеја е апсурдна со оглед на насилство, рече Песков.
Ослободени набљудувачите на ОБСЕ
Во меѓувреме во Украина се ослобдени набљудувачите на ОБСЕ и нивните украински асистенти кои беа држени од страна на про-руските сили во источниот украински град Славјанск.
Владимир Лукин, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека сите 12 луѓе се ослободени. Во групата беа 7 набљудувачи на ОБСЕ и 5 асистенти. Екипата на набљудувачи беше заробена на 25 април.
Воени операции во источна Украина
Воените операции против проруските сепаратисти во источниот дел на Украина продолжуваат и денеска, соопштија украинските власти. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи на Украина известува дека украинските сили ја презедоа контролата на аеродромот и телевизиската кула во градот Краматорск.
Според соопштението од веб-страница на министерството, сите контролни пунктови околу градот сега се под контрола на украински војници.
Министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков на својата фејсбук страница напиша „Ние не застануваме“, без да понуди други детали.
Од Министерството за одбрана соопштија дека двајца украински војници се убиени за време на борбите во село Андривка, доцна синоќа. Според министерството, про-руски сепаратисти ги нападнале украинските вооружени сили и го блокирале мостот во областа, користејќи локални жители, меѓу кои и жени, како човечки штитови.
Про-руските групи соопштија дека има три цивилни жртви во селото.
Краматорск е во близина на Славјанск каде про-руските сепаратисти вчера соборија два украинските воени хеликоптери кои беа вклучени во операција за отстранување на милитанти од нивните упоришта во градот.
Во јужниот пристанишен град Одеса, пак, се приведени повеќе од 130 луѓе, откако десетици луѓе загинаа во пожар и улични борби меѓу проруските групи и оние кои ја поддржуваат владата во Киев.
Во соопштението на 3 мај локалниот началник на полицијата Петро Лутсик рече дека уапсените би можеле да се соочат со обвиненија кои се движат од учество во немирите до убиство со предумисла за учество во насилството од 2 мај, кое кулминираше палење на синдикалните зграда во градот.
Москва не знае како да одговори на растечкото насилство и жали што Западот одобри казнени операции.Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изрази длабоко сочувство за жртвите и семејствата на загинатите во вчерашните насилства во Одеса.
Повеќе од 30 лица, многумина од нив про-руски активисти, загинаа во пожар во јужниот пристанишен град. Палењето на синдикалната зграда беше кулминација на претходните насилства меѓу про-руските групи и поддржувачите на власта во Киев.
Песков, исто така, рече дека Москва „веќе нема влијание врз луѓето кои зборуваат на руски јазик во источна Украина“.
Портпаролот на Путин вели дека Москва не знае како да одговори на растечкото насилство и жали што Западот одобри казнени операции.
Ослобдени се набљудувачите на ОБСЕ и нивните украински асистенти кои беа држени од страна на про-руските сили во источниот украински град Славјанск.
Тој, исто така ја отфрли идејата дека претседателски избори може да се одржат подоцна овој месец. Таа идеја е апсурдна со оглед на насилство, рече Песков.
Ослободени набљудувачите на ОБСЕ
Во меѓувреме во Украина се ослобдени набљудувачите на ОБСЕ и нивните украински асистенти кои беа држени од страна на про-руските сили во источниот украински град Славјанск.
Владимир Лукин, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека сите 12 луѓе се ослободени. Во групата беа 7 набљудувачи на ОБСЕ и 5 асистенти. Екипата на набљудувачи беше заробена на 25 април.
Воени операции во источна Украина
Ние не застануваме.Арсен Аваков, украински министер за внатрешни работи.
Воените операции против проруските сепаратисти во источниот дел на Украина продолжуваат и денеска, соопштија украинските власти. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи на Украина известува дека украинските сили ја презедоа контролата на аеродромот и телевизиската кула во градот Краматорск.
Според соопштението од веб-страница на министерството, сите контролни пунктови околу градот сега се под контрола на украински војници.
Уапсените би можеле да се соочат со обвиненија кои се движат од учество во немирите до убиство со предумисла за учество во насилството од 2 мај.Петро Лутсик, началник на полицијата во Одеса.
Министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков на својата фејсбук страница напиша „Ние не застануваме“, без да понуди други детали.
Од Министерството за одбрана соопштија дека двајца украински војници се убиени за време на борбите во село Андривка, доцна синоќа. Според министерството, про-руски сепаратисти ги нападнале украинските вооружени сили и го блокирале мостот во областа, користејќи локални жители, меѓу кои и жени, како човечки штитови.
Про-руските групи соопштија дека има три цивилни жртви во селото.
Краматорск е во близина на Славјанск каде про-руските сепаратисти вчера соборија два украинските воени хеликоптери кои беа вклучени во операција за отстранување на милитанти од нивните упоришта во градот.
Во јужниот пристанишен град Одеса, пак, се приведени повеќе од 130 луѓе, откако десетици луѓе загинаа во пожар и улични борби меѓу проруските групи и оние кои ја поддржуваат владата во Киев.
Во соопштението на 3 мај локалниот началник на полицијата Петро Лутсик рече дека уапсените би можеле да се соочат со обвиненија кои се движат од учество во немирите до убиство со предумисла за учество во насилството од 2 мај, кое кулминираше палење на синдикалните зграда во градот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5