Јавното обвинителство најави дека денеска ќе ѝ соопшти на јавноста детали за кривичната пријава што СДСМ ја поднесе против премиерот Никола Груевски за случајот Македонска банка.
Државното јавно обвинителство денеска ќе одржи прес-конференција на која би требало да стане збор за кривичната пријава која ја поднесе СДСМ против премиерот Никола Груевски во врска со случајот Македонска банка. Пријавата е за противзаконско посредување, примање поткуп и затајување данок, а како доказен материјал доставена е и аудио снимката што неодамна ја обелодени СДСМ.
Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски пред неколку дена за Либертас изјави дека добил потврда оти пријавата е поднесена, но обвинителот кој го води предметот бил на пат. Тој најави дека денеска на јавноста ќе ѝ го соопшти случајот.
Претседателката на Транспаренси Интренејшнал Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека обвинителството најпрвин треба да започне постапка по добиената кривична пријава и да се произнесе по неа.
„Она што сега сите го очекуваме од обвинителството е да отвори постапка, значи да почне постапка за проверка на тие наводи изнесени од опозицијата, односно да отвори постапка по поднесената кривична пријава и откако добро ќе ја проучи и ќе провери, да се произнесе по поднесената кривична пријава и по сите наводи таму“, вели таа.
Тасева очекува институциите да си ја завршат својата работа согласно нивните надлежности.
„Што направиле со аудио-снимката не можеме да знаеме, само знаеме дека е поднесена кривична пријава, јавниот обвинител треба да постапи, да провери дали постојат основи за сомневање дека е сторено кривично тело и врз основа на тоа да донесе некаква одлука за водење на постапка. Друго не можам ништо да кажам дека очекувам, очекувам дека ќе си постапат според законот и според надлежностите“, вели Тасева.
Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски вели дека доколку се потврди автентичноста на снимката, тогаш обвинителот оценува од какво значење е разговорот и дали во него има елементи на кривично дело. Доколку снимката не е автентична, според него, обвинителот ќе ја запре постапката и може да го повика на одговорност тој што лажно објавува.
„Значи тие се алтернативите, меѓутоа единствениот репер, појдовната точка да се види во кој правец би се водела постапката понатаму е утврдување на автентичноста. Без тоа да се утврди, мислам дека сè понатаму е нагаѓање како би се постапувало“, вели Малиновски.
Претседателот на СДСМ Зорaн Заев изјави дека од обвинителството очекува ефективна истрага. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија тужба за клевета против Заев.
Она што сега сите го очекуваме од обвинителството е да отвори постапка, значи да почне постапка за проверка на тие наводи изнесени од опозицијата.Слаѓана Тасева, Транспаренси Интренејшнал Македонија.
Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски пред неколку дена за Либертас изјави дека добил потврда оти пријавата е поднесена, но обвинителот кој го води предметот бил на пат. Тој најави дека денеска на јавноста ќе ѝ го соопшти случајот.
Претседателката на Транспаренси Интренејшнал Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека обвинителството најпрвин треба да започне постапка по добиената кривична пријава и да се произнесе по неа.
„Она што сега сите го очекуваме од обвинителството е да отвори постапка, значи да почне постапка за проверка на тие наводи изнесени од опозицијата, односно да отвори постапка по поднесената кривична пријава и откако добро ќе ја проучи и ќе провери, да се произнесе по поднесената кривична пријава и по сите наводи таму“, вели таа.
Единствениот репер, појдовната точка да се види во кој правец би се водела постапката понатаму е утврдување на автентичноста. Без тоа да се утврди, мислам дека сè понатаму е нагаѓање.Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.