Младите новинари ако сакаат да се бават со оваа работа мора да се освестат дeка покрај новинарството оди зборот слобода. Без слободата нема новинарство. Ако тие ги прифаќаат поразителните и недостојни услови тогаш тие не се новинари, вели во разговор за Радио Слободна Европа, Јасмина Поповиќ, потпретседател на Меѓународната федерација на новинари.
Госпоѓо Поповиќ колку може да имаме слободно новинарство кога македонските новинари се соочуваат со цензура, мобинг, несигурна работа, откази и низок економско-социјален статус.
Мислам дека слободата на медиумите и тоа што го набројавте не може да оди во иста реченица. Новинарите кои ги немаат сите права од егзистенцијални до професионални не може да се наречат слободни. Така да се додека постои било какво ограничување во нивната работа до тогаш новинарството ќе биде под знак прашалник, бидејќи е подложно и на автоцензура, мобинг и несигурна егзистенција, како и краткотрајните договори за работа кои не ја обезбедуваат слободата. Исто така тоа е прашање и на сопственичката структура во медиумите кои мора да бидат свесни дека на новинарите мора да им обезбедат нормални услови за работа. Значи без притисоци од политичарите, огласувачите и сопствениците.
Која според вас е причината за таквата состојба на новинарите?
Пред се новинарите мора да се организираат. Тие мора да бидат и професионално и синдикално организирани преку своите здруженија и синдикатите. Дури тогаш кога ќе станат организирани тие стануваат и партнери на работодавачите. Она што е неопходно за новинарите во сите земји, а особено во регионот каде состојбата со слободата на новинарите е многу лоша таму мора да бидат уште повеќе одлучни и организирани за да можат да се изборат за добра закон за работни односи не само за себе, туку и за сите други, како и добри колективни договори и да имаат сигурна заштита преку правосудството доколку нивните права бидат прекршени.
Како синдикатот да привлече нови членови, кога некои од постоечките се тајни, а на други им е забрането да се зачленат?
Доколку говориме за искуството на Хрватска, од каде што јас доаѓам ние синдикатот го организиравме за време на војната. Во средината на деведесеттите години се изборивме за колективни договори во големите медиумски куќи, иако се наоѓавме во многу неповолни услови за новинарите. Значи можно е само треба новинарите да донесат одлука. Како? Ако законот дозволува синдикално организирање, кое е основно човечко право, а во Хрватска тоа е запишано и во Уставот тогаш новинарите мора да инсистираат на своите права. Нема решение кое ќе падне од небото. Никој не сака да даде нешто на што не е принуден, па така и работодавачите во медиумите така да се останува на новинарите. Мојот совет е да бидете повеќе поврзани и солидарни и да заборавите на меѓусебните проблеми кои ги имате и да се посветите на основната цел, а тоа е преговори за колективни договори. Едноставно нема волшебно стапче.
Госпоѓо Поповиќ како синдикатот да се бори за правата на новинарите и да ја зајакне својата улога?
Синдикатот е јак колку што се јаки неговите членови. Не може се да зависи од лидерите на синдикатот. Тие мора да имаат поддршка од базата, а тоа е да имаат што повеќе членови. Младите новинари ако сакаат да се бават со оваа работа мора да се освестат дeка покрај новинарството оди зборот слобода. Без слободата нема новинарство. Ако тие ги прифаќаат поразителните и недостојни услови тогаш тие не се новинари. Ако тоа може да им се објасни, тогаш може да ги привлечете во синдикатот.
Но, како тоа да им се објасни кога медиумите во Македонија се под силно влијание од власта?
Тоа не е специфично само за Македонија и сите други во западните земји на Европа можат да се повикуваат на истиот проблем и да кажат дека ние не можеме бидејќи работодавачите и власта не сакаат така да функционираат. Некаде сопственик на медиумите е државата и така имаат влијание, некаде се политичките партии кои се навистина јаки. Клучот е во борбата и мора да се борите за она што сакате да го постигнете. Не може да се оди по обратен пат. Власта е таква каква што е и таа се менува на избори на подобро и полошо, но не може да зависите од тоа кој е на власт, мора да завистите од тоа за што може да се изборите. Јас сум сигурна дека и тука може да се изборите.
Како медиумите да го намалат влијание од власта, кога финансиски се зависни од нивните реклами?
Тоа е веќе прашање на медиумските закони, која од страна на државата мора да биде поставена на тој начин што влијанието ќе биде помало. Секако дека тоа постои насекаде. Ако разговарате со колегите од Скандинавија каде има најдобри услови за новинарите ќе видите дека тие се соочуваат со истиот проблем. Само кај нив законот се почитува и тој ги штити новинарите. Новинарите без разлика на огласувачите не смее да биде во ситуација да е уценет егзистенцијално, ако не сработи некој текст кој е важен за јавноста но не им оди во прилог на огласувачите. Тоа секако е многу сложен проблем. Тоа прашање зависи од сопствениците. Тоа прашање е присутно во целиот регион, односно дали сопствениците на медиумите е тој кој сака да ја информира јавноста или сака да заработи на огласите. Во еден момент и тие ќе мора да ја донесат одлуката дали тие се медиумски работници или слуги на комерцијалниот интерес.