На денот на македонското новинарство, кога пред 67 години е формирано и првото здружение на новинарите во Македонија, денеска можеме да бидеме сведоци на појавата на уште неколку здруженија во професијата што е очекувано за развојот на плурализмот во сите сфери, но и очекувано проследено со идеолошки разлики меѓу нив на чие надминување ќе треба да се работи во интерес на професијата, посочуваат експертите.
„Многу е важно членовите во тие здруженија да се зачлените таму по своја волја. Имено, ако сите здруженија работат законски воопшто не е прашање дали има едно или повеќе здруженија“, изјави директорот на ЗНМ, Драган Секуловски.
„Разликата помеѓу ЗНМ и МАН е главно во тоа што МАН по своите ставови оди кај новинарите и разговара со нив, а ЗНМ разговара со дипломатите“, вели претседателката на МАН, Слаѓана Димишкова.
Ривалитетот меѓу двете здруженија го нагласи барањето на Министерството за информатичко општество, а согласно новите закони за медиуми сите здруженија на новинари да достават регистар на евидентирани членови и потврди за уплатена членарина за тековната година поради спроведување на постапката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот Совет на МРТ. По тоа следуваше и пребројување на членството.
„МАН има членови од сите редакции. Единствената разлика, што е нормално, од некоја редакција има помалку, од некоја има повеќе членови“, вели Димишкова.
„Имаме стотици новинари од телевизиите, од печатените медиуми, а во поново време и од веб порталите“, вели Секуловски.
За една организација, еден еснаф да постигне максимум влијание, тој мора да се легитимира како некој што претставува најширока можна структура на еснафот и идеалот би било овие здруженија да настапуваат заеднички, посочува аналитичарот Сашо Клековски. Во овој момент на поларизираност на општеството како екстремна појава на плурализмот, и новинарската професија се наоѓа пред предизвикот да ги надмине ваквите влијанија, вели Клековски.
„Јазот во политиката се рефлектира во целото општество, не може да не се рефлектира. Она што треба да биде доблест, јака страна на еден еснаф е да ги надмине тие поларизираности и да успее да се договори за минимумот заеднички работи, за стручните, за професионалните работи што не смеат да бидат засегнати од политичката односно од партиската поларизираност во земјата“, вели Клековски.
Минимум заеднички став и настап мора да постои, порачува Клековски, за тој консензус да биде легитимен пред јавноста и пред властите.
Многу е важно членовите во тие здруженија да се зачлените таму по своја волја. Имено, ако сите здруженија работат законски воопшто не е прашање дали има едно или повеќе здруженија.Драган Секуловски, директор на ЗНМ.
„Многу е важно членовите во тие здруженија да се зачлените таму по своја волја. Имено, ако сите здруженија работат законски воопшто не е прашање дали има едно или повеќе здруженија“, изјави директорот на ЗНМ, Драган Секуловски.
„Разликата помеѓу ЗНМ и МАН е главно во тоа што МАН по своите ставови оди кај новинарите и разговара со нив, а ЗНМ разговара со дипломатите“, вели претседателката на МАН, Слаѓана Димишкова.
Разликата помеѓу ЗНМ и МАН е главно во тоа што МАН по своите ставови оди кај новинарите и разговара со нив, а ЗНМ разговара со дипломатите.Слаѓана Димишкова, претседателка на МАН.