Кој пат ќе го фати СДСМ?

СДСМ останува на ставот за непризнавање на изборите, а утре ќе се носи одлука дали ќе ги враќаат мандатите. Владејачките партии не сакаат официјално да проценуваат кој се ќе биде дел од идната влада.
СДСМ одржува Централен Одбор утре попладне на кој членовите од сите градови ќе ја разгледуваат изјавата на Зоран Заев за непризнавање на изборите и натамошното политичко дејствување со кое би го оспориле изборниот процес. Според информации од партијата останува ставот за непризнавање на изборите, а ќе се носи одлука дали ќе ги враќаат мандатите. Слични активности за правецот во кој ќе одлучи да оди опозицијата планираат и коалициските партнери на СДСМ.
Денеска имаме некое дефинитивно усогласување меѓу партнерите во опозициските блок, потоа следат и седници на органите на партиите, на кои дефинитивно треба да се изградат ставови.
Тито Петковски од НСДП.


„Денеска имаме некое дефинитивно усогласување меѓу партнерите во опозициските блок, потоа следат и седници на органите на партиите, на кои дефинитивно треба да се изградат ставови“, изјави Тито Петковски од НСДП.


Во очекување во кој правец ќе се одлучи да оди опозицијата по изборите од владејачките партии не сакаат официјално да проценуваат кои се партии ќе бидат дел од идната влада. Од коалициските партии без желба да коментираат што ќе се случува велат дека очекуваат составувањето на идната влада да помине без поголеми турбулениции.
Најнапред се чека верифицирање на мандатите, па оттаму ќе почнат и преговарањата за составот на новата Влада.
Малиша Станковиќ, СПМ.


„Се уште не се почнати официјално преговорите и ние официјално не сме влегле во преговори за да можам нешто подетално околу тоа да ви кажам. Најнапред се чека верифицирање на мандатите, па оттаму ќе почнат и преговарањата за составот на новата Влада“, изјави Малиша Станковиќ од СПМ.

Во меѓувреме експертите не ја исклучуваат можноста ВМРО- ДПМНЕ прво на ДУИ да и понуди преговори за формирање владина коалиција. Но во јавноста веќе се создава мислење дека доколку преговорите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не успеат во владата да влезе и друга партија на Албанците. Во ДУИ остануваат на ставот дека победничките партии во македонскиот и албанскиот блок треба да формираат влада. Експертите велат дека за да се дојде до договор на политиката и треба прагматичен амбиент.

„Очекувам дека истите коалициони партнери да почнат со преговори за влада, согласно мандатите кои ги имаат, и не е исклучена можноста тоа да се прошири, се зависи од мандатарот колку широка поддршка бара за својата нова влада, но верувам дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе влезат во преговори, како ќе се изговорат тоа останува на нив, но верувам дека комуникацијата функционира и дека можеби започнале неофицијалните преговори“, вели политичкиот аналитичар Алберт Мусли.

Во врска со натамошното политичко дејствување на опозицијата Муслиу посочува дека повеќе опции се отворени од неприфаќање на пратеничките мандати, бојкот на Собранието, борба низ институциите или најпосле излегување на улица, што би преставувало реприза на настаните од 24 декември. Според Муслиу, ситуацијата е неизвесна и дополнува дека опозицијата треба да биде рационална во своите одлуки.