Глобус пишува за „предбрачниот договор“ меѓу ДУИ и ДПМНЕ, Република за тоа зошто Зоран Заев не може да биде премиер, а Фокус „Возбудливи избори“.
Најновиот он-лајн магазин Глобус објавува напис посветен на „предбрачниот договор“ меѓу ДУИ и ДПМНЕ, кој, според неделникот, полека излегува на бел ден.
Глобус - предбрачниот договор меѓу ДУИ и ДПМНЕ
Дали озборувањата за веќе договорен претседател на Парламентот од редовите на ДУИ го бетонира идниот сојуз помеѓу Ахмети и Груевски и објаснува на кој начин нема да има криза во функционирањето на системот и покрај изборот на „неконсензуален претседател“, пишува Глобус.
Весникот притоа ја пренесува потврдата од висок функционер на ДУИ дека претседател на Собранието, Албанец од ДУИ, е усогласена работа уште кога и досега владејачките коалициони партнери се договориле за предвремени избори, пред два месеца, во замена за поддршката на ДУИ за ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори, со што ќе се спречат Албанците да гласаат за опозицискиот кандидат, бидејќи партијата на Груевски се плашела дека евентуалната негова предност во првиот круг ќе ги разбуди неопределените и ќе биде силен ветер во грб на опозицијата во пресрет на парламентарните избори.
Република - Заев - Мистер гаф
Во Тема на неделата Република објаснува зошто Зоран Заев не може да биде премиер на Македонија, нарекувајќи го „мистер гаф“. Како дополнителна причина неделникот го наведува учеството на Струмичкиот маскенбал, со што бил единствениот претендент за премиер што бил учесник на маскенбал. „За разлика од Струмичкиот карневал, каде што глумеше јапонски самурај, Заев сега целосно е влезен во култниот филм Десперадо. Не можејќи да се соочи со сè поизвесниот пораз, Заев влегува од еден во друг очаен потег“, оценува Република.
Фокус -возбудливи избори
За „Возбудливи избори“, пишува еден од редовните колумнисти во Фокус, наведувајќи дека големиот степен на искажана неблагодарност од страна на ДПМНЕ кон најверните ортаци, ДУИ и ДПА, комбинирано со директната употреба на црквата за партиска агитација среде празниците во Тетово и ептен сомнителното инсистирање на 62 пратеника, едновремено укажува на нешто повеќе од возбудливост. Тоа „повеќе од возбудливост“ може да се опише единствено со кампањата на некои продавачи и продавници, кои истакнуваат разни попусти од 30, 40, па и 70 отсто, за на крајот да го истакнат и натписот ликвидација, пишува колумнистот во Фокус.
Претседател на Собранието, Албанец од ДУИ, е усогласена работа уште кога и досега владејачките коалициони партнери се договориле за предвремени избори, пред два месеца, во замена за поддршката на ДУИ за ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори.Глобус.
Глобус - предбрачниот договор меѓу ДУИ и ДПМНЕ
Дали озборувањата за веќе договорен претседател на Парламентот од редовите на ДУИ го бетонира идниот сојуз помеѓу Ахмети и Груевски и објаснува на кој начин нема да има криза во функционирањето на системот и покрај изборот на „неконсензуален претседател“, пишува Глобус.
Весникот притоа ја пренесува потврдата од висок функционер на ДУИ дека претседател на Собранието, Албанец од ДУИ, е усогласена работа уште кога и досега владејачките коалициони партнери се договориле за предвремени избори, пред два месеца, во замена за поддршката на ДУИ за ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори, со што ќе се спречат Албанците да гласаат за опозицискиот кандидат, бидејќи партијата на Груевски се плашела дека евентуалната негова предност во првиот круг ќе ги разбуди неопределените и ќе биде силен ветер во грб на опозицијата во пресрет на парламентарните избори.
За разлика од Струмичкиот карневал, каде што глумеше јапонски самурај, Заев сега целосно е влезен во култниот филм Десперадо. Не можејќи да се соочи со сè поизвесниот пораз, Заев влегува од еден во друг очаен потег.Република.