Хеншо: Штета што ВМРО-ДПМНЕ не е дел од дебатите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хеншо: Граѓаните сакаат политички дебати

Претставува голема штета што една од најголемите политички партии не беше дел од дебатите. Праксата покажува дека низ Европа политичките партии сакаат да бидат дел од дебатите. Сакаат да присуствуваат за да можат да дискутираат меѓу себе и да им објаснат на граѓаните кои се нивните политики, вели во разговор за Радио Слободна Европа, Крис Хеншо од американскиот Национален демократски институт.
И годинава се соочувате со потешкотии во организирањето на политичка дебата, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не е дел од дебата, во што лежи проблемот?
Ние спроведовме анкета и го одбравме прагот од над три проценти и сите што го поминаа беа поканети на дебатата. Така да на дебатата учествуваа СДСМ, ДПА, ДУИ, ги контактиравме и ВМРО-ДПМНЕ, но како што може да се забележи не се појавија.


Кога одлучивме да ги спроведеме овие дебати како на минатогодишните локални избори така и на овогодинешните претседателски и парламентарни избори беше со цел да ја охрабриме дебатата и дискусијата меѓу граѓаните за тие да бидат во можност да се запознаат со политиките на партиите и што тие преземаат и што ќе унапредат. Со тоа што во спроведувањето на дебатата за овие парламентарни избори бевме свесни дека овој пат има 14 политички партии кои учествуваат. Ние спроведовме анкета и го одбравме прагот од над три проценти и сите што го поминаа беа поканети на дебатата. Така да на дебатата учествуваа СДСМ, ДПА, ДУИ, ги контактиравме и ВМРО-ДПМНЕ, но како што може да се забележи не се појавија.

Што мислите зошто не учествуваа?

Не знам тоа прашање треба да им го поставите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не ни одговорија зошто и како што и самите видовме во студиото имавме разиграна дебата. Беше тоа одличен телевизиски проект кој ќе биде емитуван денеска.

Дали е во ред владејачката партија да не учествува во политичката дебата пред изборите?

Мислам дека ако ја видиме праксата насекаде за време на изборите граѓаните сакаат да ги видат оние политички партии за кои ќе гласаат како дискутираат за прашањата кои им се важни на нив. Како што кажав ние ги здруживме пред одржувањето на изборите, исто како и за претседателските со прашањата за кои граѓаните сакаат да се дебатира. Така беа формирани прашањата денес врз основа на тоа на што граѓаните сакаат одговор. Штета е што една од најголемите партии не присуствуваше на дебата.

НДИ соработува со влади, политички партии и пратеници од 110 земји, од искуството што сте го стекнале во изминативе 30 години, дали ви се случило и на друго место владејачката партија да ги игнорира вашите повици за демократската дебата?

Не сум запознаен со сите партнери на НДИ насекаде, но ако ја погледнеме ситуацијата низ Европа пред изборите политичките партии имаат дебати. Колку што сум запознаен ова е единствената дебата која се одржува пред одржувањето на парламентарните избори. Имавме искуство во Србија на неодамнешните избори каде исто така НДИ организираше дебати и сите главни партии земаа учество. Што значи да праксата покажува низ Европа политичките партии сакаат да бидат дел од дебатите. Сакаат да присуствуваат за да можат да дискутираат меѓу себе и да им објаснат на граѓаните кои се нивните политики.

Медиумското покривање на избориве и годинава е главна забелешка за меѓународните организации, како вие ја оценувате состојбата?
Праксата покажува низ Европа политичките партии сакаат да бидат дел од дебатите. Сакаат да присуствуваат за да можат да дискутираат меѓу себе и да им објаснат на граѓаните кои се нивните политики


Мислам дека ние треба да ги земеме предвид забелешките од извештајот на ОДИХР пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кои повторно коментираа дека нивото на застапеност не е еднакво и имаше критики за покриеноста во медиумите на изборите. Затоа НДИ е вклучен во овој проект и оваа иницијатива да се спроведуваат дебати за да можат политичките партии да имаат интеракција меѓу себе пред камерите и граѓаните да направат избор врз основа на тоа како политичките партии се покажале.

Веќе десетина години сте присутни во Македонија и ги набљудувате и помагате демократските процеси, како гледате годинава на демократскиот капацитет за одржување на фер и демократски избори?

Во минатото НДИ спроведе кодекс за фер и демократски избори. Оваа година нашите напори ги свртевме во поглед на организирање на дебатите и минатата година решивме да се фокусиравме на тој процес. Една од работите што чуствуваме дека недостасува беше интеракцијата меѓу кандидатите и политичките партии како дел од дебатата и изборниот процес. Дебатите на најгледаниот термин на телевизиите и затоа се решивме за тоа овој пат, бидејќи тоа недостасуваше.

Тогаш ако тоа недостасува, а владејачката партија не учествува на дебати може ли да се каже дека нивното спроведување е успешно?

Мислам дека гледачите ќе можат сами да пресудат, а што се однесува за тоа дали се успешни од наша гледна точка ние сметаме дека е успех самото одржување на дебатите. Досега одржавме четири дебати, две претседателски и две парламентарни. Се разбира претставува голема штета што една од најголемите политички партии не беше дел од нив. Но тоа е процес кој треба да се развива и да продолжи. Не велам дека со нетрпение ги очекувам наредните избори и како што имам кажано и претходно во Македонија беа спроведени доста избори. Досега за 10 години имам видено 11 избори, но секако со нетрпение очекувам иницијативата за дебата меѓу политичките партии да продолжи и понатаму.