Политичките партии во Охрид ги внесоа и детските градинки во предизборна кампања.
Политичките партии во Охрид ги внесоа и детските градинки во предизборна кампања и нивните политички препукувања. Според ВМРО-ДПМНЕ во т.н мрачен период во Охрид за време на владеењето на СДСМ покрај многуте сфери кои доживеале своевиден колапс, истиот ефект ги имало зафатено и објектите од градинката во кои дечињата го поминувале најголемиот дел од денот.
Роза Костеска директорка на детската градинка Јасна Ристеска од името на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во тоа време заменик градоначалник бил претседателот на СДСМ Охрид Томислав Тунтев.
„Имено, сите објекти со промената на власта беа наследени во катастрофална состојба, особено објектот „Развигорче“ кој во јуни по налог на санитарната инспекција мораше да се затвори и целосно да се реконструира. Таваните беа во очајна состојба. Знаел ли г-динот Тунтев за ваквата состојба и дали направил посета низ градинките во Охрид за да се соочи со ваквите факти во текот на неговиот мандат?Санитарните јазли беа руинирани исто така потенцираме дека наместо занималните да се опремуваат со соодветни дидактички материјали, играчки и да се подобруваат условите во кои престојуваат децата, дел од средствата се трошени за купување на непрактични машини за чистење на подови“, рече Костеска.
Од СДСМ велат дека е несфатливо мешањето на децата и градинките за политички цели. Томислав Тунтев претседател на СДСМ Охрид вели дека во една нормална демократска држава е недозволиво во екот на изборната кампања да бидат злоупотребувани државни институции, школски институции или јавни претпријатија.
„Овде изгледа нешто многу не е во ред, кога во екот на кампањата директорката на детската градинка која треба да се грижи за нашите најмлади и која треба да се грижи за условите во кои тие престојуваат таа излегува на партиска прес конференција да шири лаги манипулации за наводна некаква одговорност на некои други луѓе не сфаќаки дека токму во тое години таа била една од најодговорните за се што се случувало во градинките“, вели Тунтев.
Костеска со години наназад беше втор човек во градинката, најблизок соработник на поранешната директорка и еден од најсериозните кандидати за директор на градинката во време на локалната власт на СДСМ. Костеска за директорка на градинката беше предложена како кадар од СДСМ лично од претходниот прв човек на охридските социјалдемократи. Но, тогаш за среќа, конкурсот беше стопиран од страна на образовниот инспекторат, кој утврди пропусти во легаслативата, така што желбата на Костеска, тогаш да стане директор, пропадна. Но затоа Костеска, надевајќи се дека сепак партиски ќе го заслужи првото столче во градинката, редовно беше присутна и активна на сите собири, митинзи и трибини од СДСМ, не само во Охрид, туку и по другите градови велат од СДСМ Охрид.
Охриѓани немаат повеќе доверба во веќе видени лица од опозицијата, кои сакаат да се престават како нови политички адути. Напротив, преку изнесените факти од доменот на работењето на градинките во Охрид се гледа незаинтересираноста на СДСМ и во оваа едукативна и воспитна сфера вели директорската Костеска.
Имено, сите објекти со промената на власта беа наследени во катастрофална состојба, особено објектот „Развигорче“ кој во јуни по налог на санитарната инспекција мораше да се затвори и целосно да се реконструира.Роза Костеска, директорка на детската градинка Јасна Ристеска.
Роза Костеска директорка на детската градинка Јасна Ристеска од името на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во тоа време заменик градоначалник бил претседателот на СДСМ Охрид Томислав Тунтев.
„Имено, сите објекти со промената на власта беа наследени во катастрофална состојба, особено објектот „Развигорче“ кој во јуни по налог на санитарната инспекција мораше да се затвори и целосно да се реконструира. Таваните беа во очајна состојба. Знаел ли г-динот Тунтев за ваквата состојба и дали направил посета низ градинките во Охрид за да се соочи со ваквите факти во текот на неговиот мандат?Санитарните јазли беа руинирани исто така потенцираме дека наместо занималните да се опремуваат со соодветни дидактички материјали, играчки и да се подобруваат условите во кои престојуваат децата, дел од средствата се трошени за купување на непрактични машини за чистење на подови“, рече Костеска.
Овде изгледа нешто многу не е во ред, кога во екот на кампањата директорката на детската градинка која треба да се грижи за нашите најмлади и која треба да се грижи за условите во кои тие престојуваат таа излегува на партиска прес конференција да шири лаги.Томислав Тунтев, претседател на СДСМ Охрид.