Едукација за заштита на културната традиција

Девојка во народна носија од Река.

Граѓанската организација Радика организира бројни едукации и изложби особено на женската традиционална носија на Македонците со исламска вероисповед.
Културните вредности во регионот на Река, Жупа и дебарско се богати. Со цел овие вредности и традиции да се соочуваат и тие да се пренесат на помладите генерации, граѓанската организација Радика организира бројни едукации и изложби особено на женската традиционална носија на Македонците со исламска вероисповед, за која ова здружение смета дека е една од најубавите и најбогатите женски носии во Република Македонија.
Проектот е важен и битен за младите генерации. Станува збор за активност со која сакаме да ја зачуваме традицијата и вредностите во културата на облеката, но и другите вредности.
Азиза Асаноска, претседателка на невладината организација Радика.


„Проектот е важен и битен за младите генерации. Станува збор за активност со која сакаме да ја зачуваме традицијата и вредностите во културата на облеката, но и другите вредности. Има нијанси на разлики, но се работи за облека на еден народ, заради тоа организираме и едукации и изложби“, вели Азиза Асаноска претседателка на невладината организација Радика.

Ремзија Лазри, граѓанска активистка.


Активистката во ова здружение Ремзие Лазри истакнува дека оваа облека се уште самата ја изработува, но додава дека се обидува тоа да го пренесува и кај помладата генерација.
Оваа облека сама ја изработувам. И како девојче кога се спремав за невеста сама везев, плетев и поставувам мониста на шамиите кои ги носевме.
Ремзие Лазри.


„Оваа облека сама ја изработувам. И како девојче кога се спремав за невеста сама везев, плетев и поставувам мониста на шамиите кои ги носевме.

РСЕ: Кои бои преовладуваат?

„Има црвена, жолта, розова и белата. Што се однесува до пренесувањето на традицијата кај младите, ете се обидуваме и тие да знаат да ја изработуваат и понекогаш ја носат за свечени моменти.“

Во селата Броштица и Џепиште традиционалната носија се уште ја носат дел од жените. Таа е мошне богата и убава, оценуваат активистите во сферата на етнологијата во оваа здружение Казафер Емруловски и Атиф Бајрамовски.

„Женската носија кај Македонците со исламска религија во селото Броштица во Жупа е мошне богата. Преовладува црвената и белата боја, бидејќи на белата може да се везат и апликации на цветови и други елементи“, вели Емруловски.

„Селата Џепишта и Отишани се две села од областа Голо Брдо, кои се во Македонија, а другите триесетина се во Албанија. Овде кај нас невестинската носија е многу карактеристична и таа облека се препознава веднаш“, вели Бајрамовски.

И покрај тоа што кај младата генерација нема некој посебен интерес за носење на оваа традиционална облека, сепак за време на свадби и други веселби се практикува таа да се облече, а невестинските чеизи секогаш имаат и традиционална облека.