Украина: убиени и повредени во Словјанск

Министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков изјави дека почнала антитерористичка акција во градот Словјанск. Тој прецизира дека во престрелката со проруски активисти имало убиени и ранети на двете страни.
Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков прецизира дека во акцијата учествувале сите структури на оружените сили.

Агенциите повикувајќи се на очевидци јавуваат дека во градот со 120 илјади жители во источниот дел на Украина хеликоптери го надлетуваат градот и оти се слушаат експлозии и пукотници. Аваков побара од жителите да не излегуваат од дома.


Тој прецизира дека во престрелката со проруски активисти имало убиени и ранети на двете страни. Аваков додаде дека бил убиен еден украински офицер, додека петмина други биле повредени.

Според него, бројот на жртвите од другата страна засега не бил утврден. Словјанск е еден од градовите во источна Украина каде што вооружени проруски активисти ги зазела зградите на локалната управа.


Оваа воена акција беше најавена вчера во Киев кој страхува од исто сценарио како на Крим, каде што првин дојде до заземање на административните згради, потоа до референдум и конечно до присоединување со Русија.

Москва синоќа го предупреди Западот дека секоја воена акција во Славјанск би можело да доведе до откажување на најавените преговори за политичко решение на украинската криза.
Оваа воена акција беше најавена вчера во Киев кој страхува од исто сценарио како на Крим, каде што првин дојде до заземање на административните згради, потоа до референдум и конечно до присоединување со Русија.


Преговорите се најавени за 17 април во Женева и на нив треба да учествуваат Русија, Украина, Соединетите Држави и Европската унија.

Американскиот државен секретар Џон Кери, пак, ја предупреди Русија дека ќе сноси натамошни последици доколку не стивнат тензиите во Украина и доколку руската војска не се повлече од границата.

Во телефонскиот разговор со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, како што е соопштено, Кери побара од Русија да преземе јасни чекори за намалување на тензиите.

Американскиот потпретседател Џо Бајден на 22 април би требало да отпатува за Украина за да ја потврди поддршката на Вашингтон на Киев.

Министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков



Министерството за финансии на САД во петокот воведе санкции за поранешниот потпретседате, на украинскиот паралмент, шест сепаратистички лидери од Крим и една кримска компанија за гас.

Апел до двете страни да покажат максимум воздржаност и да започнат конструктивен дијалог упати и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.