Кој е одговорен за неправилностите во кампањата?

Институциите меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за сите посочени неправилности од организациите што ја следат кампањата. Надлежните органи треба будни да ги следат појавите кои може да ја доведат во прашање регуларноста на изборите, вели професор Осман Кадриу.
Институциите меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за сите посочени неправилности од организациите што ја следат кампањата. Во последните денови невладините организации забележаа повеќе неправилности во кампањата како предвремено започнување на кампањите, злоупотреба на јавните ресурси, изборни вработувања, а Цивил искажа сомнежи и за имињата на избирачкиот список.
Што и да се случува неопходна е проверка, но ДИК нема капацитет тоа самата да го направи, согласно прописите тоа во некој друг период ќе го корегира со тоа што ќе го променат избирачкиот список. Сега е затворен, до изборите за него нема промена.
Никола Дујовски, универзитетски професор.


Експертите велат дека констатациите на невладините организации може да бидат од различна природа и треба да се проверат, но дополнуваат дека реакциите во врска со избирачкиот список сега се задоцнети. Фактичката состојба е дека избирачкиот список сега на неколку дена пред изборите не може да се менува бидејќи за него се согласиле сите претставници на ДИК каде членуваат претставници на сите политички партии, вели Никола Дујовски.


„Факт е дека избирачкиот список од поодамна е затворен и во него тешко се прават промени сега во овој период, на неколку дена пред претседателските избори или на две-три недели пред парламентарните, значи што и да се случува неопходна е проверка, но ДИК нема капацитет тоа самата да го направи, согласно прописите тоа во некој друг период ќе го корегира со тоа што ќе го променат избирачкиот список. Сега е затворен, до изборите за него нема промена.“
Тие органи на прво место треба да бидат изворно информирани за таквите неправилности и органите за спроведување на изборите на чело со Државната изборна комисија треба да реагираат.
Осман Кадриу, универзитетски професор.


Во својот прелиминарен извештај за текот на изборниот процес невладините меѓудругото посочија и за изборни вработувања во некои јавни претпријатија и во администрацијата во внатрешноста, за градежни зафати кои се ставени во контекст на изборите, и за притисок врз граѓани.

Професор Осман Кадруи ги повика државните органи да сторат се што е во нивна надлежност да ги санкционираат неправилностите доколку ги има и дополни дека треба да бидат будни и да ги следат појавите кои може да ја доведат во прашање регуларноста на изборите.

„Тие органи на прво место треба да бидат изворно информирани за таквите неправилности и органите за спроведување на изборите на чело со Државната изборна комисија треба да реагираат. Се разбира дека органите кои на прво место треба да ги следат таквите појави, според моето мислење, Министерството за внатрешни работи, затоа што по се изгледа во таквите случаи, со такви неправилности се прават одредени прекршоци за кои мора да следува и прекршочна одговорност.“

Во МВР велат дека се што се однесува на избирачкиот список е во надлежност на ДИК. Од ДИК најавија дека извештаите од невладините организации ќе ги прегледуваат по избори.