Повеќето од граѓаните велат дека ќе гласаат за личност независно од партиската или етничката припадност. Но, некои од нив признаваат дека партијата го има главниот збор со својата поддршка на кандидатот.
Кај луѓето се повеќе созрева сфаќањето дека треба да се гласа за личност на претстојните претседателски избори, но засега тоа е повеќе исклучок отколку правило. Повеќето од граѓаните велат дека ќе гласаат за личност независно од партиската или етничката припадност. Но, некои од нив признаваат дека партијата го има главниот збор со својата поддршка на кандидатот.
„За партија се гласа, за ништо друго, 90 отсто мислат така.“
„Секоја партија си сака свој кандидат, за него да гласаат. За нас граѓаните најбитна е личноста, да видиме кој е, што е, како е?“
„Сè е важно, сè влијае и партијата и сè, но моментално личноста е многу јака.“
Граѓаните, исто така, велат дека би гласале за кандидат од друга националност доколку ги претставува интересите на државата, но по се изгледа за да дојде до тоа потребно е да помине време.
„Етничката припадност за некого влијае, за некого не.“
„Има, има такви на кои им е битна етничката припадност, но јас лично не сум од тие.“
„Без разлика кој е, јас би гласал за тој што мислам дека е најдобар човек, човек кој добро ќе ја спроведе работат за Македонија.“
Искуствата од претходните избори покажуваат дека е пресудна партијата, иако имаше исклучоци. Експертите велат дека зрее свеста, но дека на крај никој не гласа така како што се изјаснува.
Според аналитичарот Ибархим Мехмети непоходна е храброст од политичките лидери да се залагаат за надминување на етничките разлики и соработка која ги надминува тие тесни етнички рамки, но нагласува дека тоа бара време и констатира дека не се покажува дека сега е тоа доволно созреано.
„Проблемот е што од една страна целото тоа општество функционира врз етничките принципи, а за да се промени тоа треба да има системски промени во државата и истовремено да се промени свеста, тоа може да се направи само преку акција на тие луѓе коишто имаат моќ и имаат можност тоа да го промовираат.“
Мехмети посочи дека еден од проблемите останува и политичката манипулација. Според него во услови кога нема дебата во јавноста манипулацијата е лесно возможна.
„Сега за сега мислам дека тоа се прави во голема мерка од главните политички актери кои не бираат средства за да ја задржат власта или да дојдат на власт и тоа е вториот проблем којшто треба да се надмине за да може да дојде до израз позитивната акција и позитивната атмосфера која некој би сакал или би можел да ја гради.“
Инаку дека на претстојните избори сепак пресудна улога ќе има партијата се покажа и со собирањето на 10-те илјади потписи и за независната кандидатура на професор Билјана Ванковска и за кандидатурата на Стојанче Ангелов.
За партија се гласа, за ништо друго, 90 отсто мислат така.Анкетиран граѓанин.
„За партија се гласа, за ништо друго, 90 отсто мислат така.“
„Секоја партија си сака свој кандидат, за него да гласаат. За нас граѓаните најбитна е личноста, да видиме кој е, што е, како е?“
„Сè е важно, сè влијае и партијата и сè, но моментално личноста е многу јака.“
Проблемот е што од една страна целото тоа општество функционира врз етничките принципи, а за да се промени тоа треба да има системски промени во државата и истовремено да се промени свеста.Ибрахим Мехмети, политички аналитичар.