Ердоган: Нашите противници ќе платат за лагите

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган прогласи победа на вчерашните локални избори кои беа своевиден референдум за неговото скоро 12 годишно владеење. Партијата на правдата и развојот освои 45 насто пред опозицијата која доби 28 проценти од гласовите. Партијата на Ердоган ги задржа и Истанбул и Анкара.
Тие ќе платат за ова, порача премиерот Реџеп Таип Ердоган во жестокиот говор од балконот на седиштето на Партијата на правдата и развојот во Анкара на крајот од долгиот и тежок изборен процес, при што своите опоненти ги означи за терористи кои се во „сојуз со ѓаволот“.


Остриот тон во првото обраќање пред приврзаниците по гласањето, според аналитичарите, покажува дека тој сега чувствува оти има мандат за силна акција против неговите непријатели.
На Турција и е неопходна нова опозиција која ќе го прегрне својот народ исто како владејачката партија. На Турција не и треба опозиција која поттикнува дискриминација и поларизација, туку опозиција која ќе зборува со ист јазик како 77 милиони луѓе.


„Од утре, можеби ќе има некои кои ќе бегаат“, изјави Ердоган, наведувајќи дека тие ќе платат за тоа како ја третирале националната безбедност.

„Ова е нов период. На Турција и е неопходна нова опозиција која ќе го прегрне својот народ исто како владејачката партија. На Турција не и треба опозиција која поттикнува дискриминација и поларизација, туку опозиција која ќе зборува со ист јазик како 77 милиони луѓе“, рече тој.

Приврзаниците на Ердоган се воодушевени од резултатите.

„Многу сме среќни. Очекувавме ваков резултат и се надеваме дека тој е добар за земјата.“

„Резултатот од гласањето е демократски и фер и Партијата на правдата и развојот со тоа им одговори на сите кои бараа демократија надвор од изборните кутии“, велат неговите приврзаници.

Изборната кампања беше проследена со битка за власт меѓу него и умерениот пророк Фетула Ѓулен кој живее во Соединетите Држави.

Ердоган го обвини Ѓулен дека преку неговата мрежа следбеници во полицијата и судството фабрикувал обвинувања со цел да го собори од власт.


Тој по обвинувањата дека владата е вклучена во корупциски скандал отстрани илјадници полицијаци и стотици судии и обвинители, а нареди и затворање на Јутјуб и Твитер.
Од неговиот говор по изборите стана јасно дека Ердоган всушност му се заканува на целото општество. Нему веќе не може да му се верува.
Ѓурсел Текин, потпретседател на опозициската Републиканска партија.


Сето тоа главно се одрази врз економијата на Турција што доведе до пад на вредноста на лирата и на странските инвестиции.

„Од пазарна перспектива, победата на Ердоган е токму она што некој лекар би препишал, солидна победа на Партијата на правдата и развојот“, вели аналитичарот Николас Спиро.

Турција под Ердоган долго време важеше за модел на муслиманска демократија, но по насилното справување со ланските антивладини протести во Истанбул, владата беше под критики за нетолерантност.

Сепак, најновата победа, според очекувањата, ќе го охрабри Ердоган во трката за претседател во август годинава. Оваа функција е претежно церемонијална, но тој има намера да го прошири нејзиниот мандат.

Од друга страна, вчерашните резултати се удар за опозициската Републиканска партија.


„Од неговиот говор по изборите стана јасно дека Ердоган всушност му се заканува на целото општество. Нему веќе не може да му се верува“, оцени потпретседателот на оваа партија Ѓурсел Текин.

На вчерашните избори 52 милиона луѓе гласаа за градоначалници и советници меѓу кандидатите од шест поголеми партии.

Изборите беа проследени и со насилства при што загинале најмалку осум луѓе, додека десетина други биле ранети. Со цел изборите да минат во најдобар ред властите го одложија летното сметање на времето за еден ден.