Достапни линкови

Ердоган на изборен собир во Берлин


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој се соочува со корупциски скандал дома, ја донесе неговата изборна кампања на улиците на Берлин со митинг за огромната турска заедница во Германија. За прв пат Турците кои живеат во странство ќе можат да гласаат, што ја прави Германија клучна земја за Ердоган пред локалните избори во март и претседателските на лето.

„Сакам да бидете горди што живеете во Германија. Исто така сакам да бидете горди на турското знаме. Вие сте деца на голема земја“, им порача турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на илјадниците насобрани во берлинскиот кварт Кројцберг, познат уште како „Мал Истанбул“.

Во Германија живеат над три милиони Турци или луѓе кои имаат турско потекло со што таа земја е една од најголемите изборни единици по Анкара, Истанбул и Измир.

Митингот беше организиран од Унијата на европските турски демократи под мотото „Берлин се зближува со Големиот Мајстор“, референца за Ердоган што неговата Партија на правдата и развојот ја прифати пред три години.

Напорите на 59 годишниот Ердоган
Три милиони луѓе со турски корени живеат во Германија. Значи германските односи со Турција претставуваат и внатрешно политичко прашање.
Јашар Ајдин, Германски институт за меѓународни и безбедносни работи.
да обезбеди поддршка во странство доаѓаат во тешко време за него и покрај брзиот економски развој на земјата.

Тој за прв пат во неговото 11 годишно владеење се соочи со голем корупциски скандал во кој биле вмешани и членови на потесните семејства на неговите министри.

„Може ли да има корупција во земја каде што бруто домашниот производ порасна од 200 на 800 милијарди долари“, изјави Ердоган кој за скандалот повторно го
обвини исламскиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во Соединетите држави.

Но, токму Ѓулен му и најголемиот ривал на Ердоган во Германија, со оглед на тоа што во таа земја отвори мрежа од 160 негови училишта.

Исто така многу Турци во Германија беа шокирани од бруталноста со која
Сакам да бидете горди што живеете во Германија. Исто така сакам да бидете горди на турското знаме. Вие сте деца на голема земја.
Реџеп Таип Ердоган , турски премиер.
Ердоган се справи со минатогодишните протести во Истанбул.

Ердоган во Берлин наиде и на мала поддршка од германскиот канцелар Ангела Меркел во обидот да ги поткрепи напорите на Турција за влез во Европската унија.

„Очекуваме и се надеваме Германија целосно да не поддржи на патот кон Европската унија. Ние сакаме Германија да стори повеќе од тоа што го има сторено досега. Засега, тоа не е доволно“, изјави Ердоган на заедничката прес конференција со Меркел, додавајќи дека нема само Турција потреба од Унијата, туку и Унијата од Турција.

Меркел пак изјави дека не е тајна оти е скептична во врска со тоа Турција да стане полноправна членка на Унијата.

Сепак, според аналитичарите, германската влада има голем интерес да одржува добри односи со Турција.

„Три милиони луѓе со турски корени живеат во Германија“, вели Јашар Ајдин од Германскиот институт за меѓународни и безбедносни работи, додавајќи: „Значи германските односи со Турција претставуваат и внатрешно политичко прашање“.

Како и да е, главна цел на престојот на Ердоган во Берлин беше добивање изборна поддршка од турската заедница во Германија.

Според последните анкети, неговата партија во Турција има поддршка од 45 насто, скоро двојно повеќе од главната опозициска партија, но се забележува и тренд на опаѓање, доволен аларм за Ердоган да го поправи неговиот имиџ и меѓу Турците кои живеат во странство.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG